Совет бр. 1: Носете шешир
Задолжително носете шешир (особено на плажа), кој ќе ви ја заштити косата од сончевите зраци. Сламените шешири се најдобар избор 👒

Совет бр. 2: Плакнете ја косата
Морската вода и хлорот од базенот можат многу да ја оштетат косата доколку ги оставите врз неа. Затоа по секое капење во море или базен исплакнете косата со обична (слатка) вода, со цел да ги отстраните солта и хлорот.

Совет бр. 3: Оставете ја да се суши природно
Во текот на летниот период избегнувајте да ја сушите косата со фен или пак да ја исправувате со преса. Оставете ја косата да се исуши природно.

Совет бр. 4: Додатни третмани за коса
Барем еднаш неделно правете маслени третмани или маски кои ќе ги одржат виталноста и сјајот на косата.

Совет бр. 5: Користете спреј за заштита на косата
Еве како да си направите домашен спреј за заштита на косата: овој спреј е фантастичен за заштита на косата за време на летниот период. 🌊 ☀

– 50 мл масло;
– 40 мл вода;
– 10 мл гел од алое вера

Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Испрскајте мала количина од спрејот по секое миење на влажна коса и оставете ја природно да се исуши.

Повеќе совети и 175 домашни рецепти за нега на косата и кожата ќе најдете во книгата „Природно убави со Биодевојка“:
http://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13330