ФИЛЕРИ И БОТОКС –ПОДМЛАДУВАЊЕ БЕЗ ХИРУРШКИ ТРЕТМАН
Секоја жена не е иста и не изгледа така убаво и совршено, но благодарение на напредната медицинска и козметолошка технологја сите недостатоци може да се корегираат. Секој детаљ од лицето и телото можат да се доведат до совршенство. Ние денеска ќе се здржиме на тема: Сензуални усни кои никогаш не изгубиле од модата и секогаш се толку атрактивни и привлекувааат внимание, како и измазнување на брчките. Доктор Роберт Стојовски ( спец. Пластичен и реконструктивен хирург ) ни дава објаснувања што претставуваат и како и каде се применуваат доста популарните Филери и Ботокс.
Филерите би можеле да бидат перманентни и само ресорбирачки. Саморесорбирачки нај познат и нај применуван филер претставува Hyaluronic Acid или хиалуронски филер попознат помегу народот. Хиалуронот го имаме нормално во многу ткива на човековото тело, многу е битен за одрзување на тонусот на ткивото. Денеска освен во ортопедијата каде што во рскавиците се става хиалурон каде што недостасува поточно се има изгубено (нај често во колено) се применува се повеке и во естетиката.
Најчести третмани кои се вршат со помош на хиалурон во пластичната хирургија се:
- Зголемување или освежување на рабовите на усните
- Корекција на насолабиалните бори
- Корекција на пушачките бори
- Зголемуванје на јаболкници
- Корекција на вдлабнатини во предел на темпоралната регија
- Корекција на брчки во мирување на челото и околу очите
- Корекција на грбав нос
Секогаш прашањата околу филерите се однесуваат на нивната трајност, откако ќе се вметнат колкав временски приод би траеле? Ќе кажам дека трајноста на филерите зависи од нивната густина и просечно траат 9-12месеци
После ставањето на филер еднаш НЕ Е ПОТРЕБНО постојано да се повторува интервенцијата – по желба на пациентот . Кога сме кај темава би дал еден совет до сите оние кои се заинтересирани да направат ваква корекција. Секогаш да си побарате сериски број од филерот кој ќе ви е инјектиран се со цел да бидете сигурни за квалитетот на истиот и да одберете ДОКТОР кој има долгогодишно искуство со ставање филери бидејки тоа е нај битно за изгледот кој вие ќе сакате да го добиете.

За разлика од филерите Ботоксот претставува токсин кој го релаксира мускулот 4-6месеци и оневозможува мимични движења кои прават брчки на лицето. Нај употребувани во Америка и останатиот дел од светот се DYSPORT I BOTOX. Ботоксот најчесто може да се применува на следнве регии:
- Чело
- Околу очи
- Помеѓу веѓите
- Носот
Ботоксот го применуваме и во аксиларната регија – што би било корисно против потење. И тука би скренал вимание за претпазливост и она што би сакал да апелирам е пациентите да бидат претпазливи. Интервенцијата да ја извршува лиценциран доктор со долгогодишно искуство и познавање на анатомијата на лицето, исто толку битен е и препаратот што се инјектира да биде сертифициран и да може пред самата апликација да го види пациентот и истиот да биде отворен пред него бидејки дејството на ботоксот се намалува после 3 дена од отворање на ампулата.
Д-р.Роберт Стојовски (спец.пластичен и реконструктивен хирург) ПроМедика Медикал Центар


