НАМАЗ ОД СОНЧОГЛЕД (ПОЛН СО ВИТАМИНИ,МИНЕРАЛИ И ЕНЗИМИ)
Здрави рецепти
Наш предлог за денеска е вкусен намаз од семки од сончоглед, ви предложуваме уште еден здрав, рецепт од здравата работилница на Љупче Трајчев. Брзо се подготвува и е вистинско уживање!
Намаз од Сончоглед (полн со витамини, минерали и ензими)
– 100 гр. Сончоглед, лупен (киснет 5-6 часа)
– Сок од пола Лимон
– 3 лажици ладно цедено сончогледово масло
– Лажиче куркума
– Малку бибер (за вкус, а и поради поголема искористеност на куркуминот од куркумата)
– Пола лажиче семе од синап
– 1 Филџан кисело козјо млеко(уште подобро кефир), а може и вода
– Една китка магдонос
– 3 чешниња лук
Се во блендер, се блендира околу 20 секунди на пола брзина, и уште 10 секунди на максимална брзина



