КОИ ХОРМОНИ ВИ ГО РЕГУЛИРААТ АПЕТИТОТ?
Со оглед на тоа дека дебелината завзема епидeмиски размери се почесто се испитуваат и генетските синдроми на дебелината и сите процески кој се вклучени во регулацијата на телесната тежина. Откритијата од научниците кажуваат,,делот од мозокот хипоталамусот е посебно важен за регулирање на апетитот,,. Еве кој хормони се заслужни за тоа и колку е важен ноќниот сон за одржување на овие хормони.
Грелин и лептин – хормони кои го регулираат апетитот. Лептин е хормон на ситост, додека грелин.хормонот за глад. Кога нивоата на грелинот се високи, се чувствуваме гладни. Откако ке се на јадеме, нивоата на грелинот паѓаат и се чувствуваме задоволни.
Лептин е лидер на сите наши хормони, администраторот на буквално се што се случува во телото. Едукација на неговата функција на овој хормон ќе направи екстремна разлика на целокупната загуба на масти и подобрување на целокупното здравје. Лептин се излачува првенствено во масните клетки или складирани маснотии, како и во стомакот, срцето, плацентата, и скелетните мускули. Тој потоа патува преку крвта и ја преминува мозочната бариера која потоа директно патува во хипоталамусот и ни сигнализира дека имаме доволно гориво.Лептин е хормон кој ја потиснува желбата за јадење, ја стимулира метаболизмот и помага со долготрајна енергија во телото.Истражувањата утврдиле дека луѓето со вишок килограми се отпорни на лептин поради прејадување, што резултира со тоа што хипоталамусот станува помалку чувствителен на лептин. Одделни студии, исто така, покажаа дека премногу фруктоза, како и лишување од сон може да создаде отпорност на лептин. Ако нивото на лептин е ниско тој ни кажува да јадеме повеќе, а ако нивото е високо, јадете помалку. Сега веројатно се прашувате зошто дебелите луѓе продолжуваат да јадат, нели? Тоа е лесно, тие стануваат отпорни на лептин слично кога се отпорни на инсулинот. Интересно е за нашите складирани масти, всушност, тие се метаболички орган, слични на вашите надбубрежните жлезди и тироидната жлезда Лептин, исто така игра голема улога во регулирање на функцијата на вашиот мозок, функцијата на вашиот имунолошки систем, како и координирани напори на сите други хормони во вашето тело – вклучувајќи тироидната функција, надбубрежната функција и стрес, и репродуктивната функција.

Грелин е хормон кој примарно се излачува во стомакот кога е празен.Кога стомакот лачи Грелин, тој патува низ крвта и ја обиколува мозочната бариера и завршува во хипоталамусот, каде што потоа ни кажува дека сме гладни. Лептин отпорноста предизвикува да се дисбалансира нивото на Грелин затоа имате прекумерна глад и желби, кој потоа следи тешка конфузија на метаболизмот.Неодамнешните студии покажуваат дека изостанувањето на сон придружено со зголемување на нивото на стрес не влијае само на нормалното ниво на шеќерот во крвта, туку го намалува лептинот и го зголемува гладот и апетитот. Почнувајќи од 7 до 9 часа секоја вечер за возрасни се задолжителни, во временскиот интервал 22:30 до 02:00 часот се лачи мелантоин (Мелатонин помага во контролирањето на циклусите на спиење и будење. Многу мали количини се наоѓаат во храната како што се месото, житарките, овошјето и зеленчукот.Вашето тело има свој внатрешен часовник кој го контролира вашиот природен циклус на спиење и будење. Делумно, часовникот на вашето тело го контролира токму мелатонинот. Нормално, нивоата на мелатонин почнуваат да растат до средината до крајот на вечерта, остануваат високи во поголемиот дел од ноќта, а потоа паѓаат во раните утрински часовиСветлината влијае колку мелатонин произведува вашето тело. За време на пократки денови од зимските месеци, вашето тело може да произведе мелатонин или порано или подоцна во текот на денот, отколку вообичаено. Оваа промена може да доведе до симптоми на сезонско афективно нарушување (ЕЦД) или зимска депресија. Природните нивоа на мелатони полека се намалуваат со возраста. Некои постари возрасни лица прават многу мали количини или воопшто немаат.Доколку не се запази времето на спиење доага до нарушувања но секако и може да дојде до посегнување на храна во доцните часови бидејки се зголемува и нивото на грелин а со тоа и желбата за xрана и на долг рок допринесува за прекумерна тежина.· Исто така важно е да го завршите последниот оброк или закуска 2-3 часа пред спиење. Тоа значи дека немате закуски во текот на ноќта.

Како да бидете сити???
1. Јадете храна богата со влакна (овошје и зеленчук)
2. Храна со мал процент на масти.
3. Протеини од месо, риба и јаткасти плодови
4. Зголемете ја порцијата со зеленчук
5. Супи, мешунки, леб од целозрно
6. Пијте вода
Автор: Емилија Спасовска Мојсовска (нутриционист)
контакт: emilija.spasovska@gmail.com 078/388-889


