Денеска е Светски ден на матичните доктори. Тие се првиот контакт/штит или линк кој го упатуваат пациентот кон понатамошното лекување/третман. Откако започна пандемијата со Ковид 19 матичните доктори одлично се носат со сета тежина на професијата. Метаболизам.мк ја побара др. Слаѓана Ристовска од ПЗУ ДР Ристовска во скопска Кисела Вода. И покрај големиот обем на обврски ни даде кус одговор за значењето на матичните лекари во целокупниот здравствен систем.

Д-р.Слаѓана Ристовска

Ние матичните лекари од почетокот на пандемијата сме на првата одбрамбена линија против корона вирусот. Бидејки беше нешто непознато за нас во почетоците бевме соочени со многу страв од непознатото во кое бројките во светот беа огромни, сепак бевме подготвени да го ризикуваме сопственото здравје за да го зачуваме на нашите пациенти. Првиот контакт заболените го прават со нас матичните лекари. Јас и моите колеги свесно и одговорно се соочивме со предизвиците на пандемијата. Бевме сведоци на разни приказни како: заболени цели семејства, загуба на пациенти од различни возрасти па се до успешно излекувани. Денеска ме потсетивте дека е Светски ден на матичните лекари, на моите колеги ќе им посакам одлично здравје, успешно излекувани пациенти и на сите ќе им препорачам. Грижете се за сопственото здравје, за секоја промена на телото консултирајте го вашиот матичен лекар, придржувајте се до генералните препораки за редовно миење раце, социјална дистанца како и носење на маски. Пандемијата ни даде многу лекции како и онаа најважната: Грижата за сопственото здравје и општото здравје на сите!

 

Photo by Gustavo Fring from Pexels