Потребата и интересот на луѓето во однос на бројните ортопедски заболувања во текот на животот на секој човек, е евидентна и неопходна. Причината за тоа е што мускуло-скелетниот систем претставува 70% од човекото тело кој заедно со васкуларниот и нервниот систем прави една целина. Оттука, промените и пореметувањата кои настануваат и се манифестираат во болести на овој сложен систем, кој уште се нарекува и локомоторен систем.

Причините за заболувањата може да започнат уште во матката на бремената жена, така што промените коишто се случуваат се нарекуваат вродени аномалии. Тие треба веднаш, т.е. што поскоро да бидат детектирани и веднаш да се започне со нивно лекување. Од тие причини, родителите треба да ги донесат своите новороденчиња на ортопедски преглед, веднаш по раѓањето. Бидејќи во првите години се одвиваат големи промени, во смисол на раст и развој на целокупното тело и особено локомоторниот апарат, т.е. систем, потребно најмалку три пати да се донесат на преглед.

Периодот од породувањето, до започнување на детето со училиште, е многу важен и треба исто така, еднаш до двапати во годината да се вршат ортопедски контролни прегледи за да се следи и поддржува правилниот развој на децата во претшколска возраст (стапала ‘рбет, граден кош и др.).

Пубертетот, кој кај девојчињата започнува и трае од 12-16 години, а кај момчињата од 14-18години, е исто така многу важен за правилниот развој на телото, како и за благовремено детектирање, превенирање, но и лекување на одредени деформитети кои можат да се јават во период кога децата најмногу растат и затоа може да дојде до појава на некои деформации на ‘рбетот, но и на екстремитетите. Во овој период, може да се појави и рахит-детска парализа, фебрис реуматика, јувенилен реуматоиден артрит и други заболувања.

Повредите на локомоторниот систем, се исто така многу чести, при што се повредува епифизата.

Возрасната популација од 25-65 години, е исто така подложна на промени, заболувања и скршеници на мускуло-скелетниот и зглобниот систем, од кои најчести се воспаленијата (артритис), дегенеративни заболувања (артрози), спондилози, неопластични и бенигни заболувања на меките ткива, коските и зглобовите.  Со завршување на менструалниот циклус, се јавува опасност од појава на остеопороза на коските, што е пропратено  со можност за патолошки скршеници на рачниот зглоб, колкот и ‘рбетот (компресивни скршеници).

Од наведените причини, логично се заклучува дека е потребно редовно и превентивно контролирање со правење на преглед кај ортопед, како и испитување со DEXA, од што понатаму, ќе произлезе и соодветен третман, т.е. лекување.

МЕДИКА Истанбул Тетово ги поседува сите најсовремени апарати за целосно испитување на човекото тело и посебно мускуло-скелетниот систем и локомоторниот апарат и тоа: дигитален рендген,  PET CT, КТ со 3D, магнетна резонанца, ехо дијагностика, DEXA, EEG.

Закажете термин на 044 344 414, или на contact@medicaistanbul.mk.

Пишува:Проф. Д-р Глигор Џолев, ортопедски хирург

Е-маил: gligor.dzolev@medicaistanbul.mk