Многумина мислат дека е плевел, но сепак се работи за една многу моќна  и лековита билка, која со нејзиниот комлексен хемиски  состав  е  права ризница на здравје и истата изобилува со многу витамини (каротени, меѓу кои и ц-витаминот,к- витаминот, б-комлекс како и А- витаминот)

Од минерали во копривата застапени се (калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, натриум ) како и танински киселини и хормони.

Од витамините е најзастапен Ц-витаминот, а од минералите  железото (кое најмногу го има во семето).  Тоа што ја карактеризира копривата е нејзиното жарење и печење по кожата, кој сите сме го почувствувале неколку пати во животот. Тоа пецкање се нарекува уртифицирање. Сепак тоа не е нејзината негативна страна во поглед на здравјето  на човекот, напротив тоа ублажува и спречува болки и заболувања, како што се (ишијас, ревматски промени, артритис, гихт) со обложување на болните места.

Оваа исцелителна моќ  на копривата  се должи благодарение  на киселините кои ги излага од нејзините  силициумови шупливи  иглички,а тоа се

  • Мравјата киселина
  • Ацетилхолната киселина
  • Хистаминот
  • Кверцетини

Сите делови на копривата се употребливи

  • Корен
  • листови
  • семе

Нивната  употреба има широка примерна како за надворешна  така и за внатрешна употреба.

  • За детоксикација ( чистење) на организмот од токсини
  • Го подобрува оралното здравје ( воспалени непца, гингивит, спечува наслаги на дентален плак, а се употебува и како средство за испирање на непцата)
  • Нега на коса, кожа како и за кожни заболувања
  • Смалува воспалителни процеси во организмот
  • Елиминира алергиски ринит, инфекции на респираторниот тракт т.е.горно дишните патишт (ларингит, кашлица, асма)
  • дигестивни проблеми
  • го стимулира лимфниот и ендокриниот систем
  • лекување на црниот дроб и негово  прочистување (инсуфицијенција,слабост на црниот дроб, жолтица)
  • делотворна при проблеми со жолчката
  • Воспалувања и проблеми со желудник
  • воспалителни процеси на цревата
  • помага во спречување на крварења
  • уринарни инфекции
  • проблеми со простата (бенигна хиперплазија)
  • при хипертензија (висок крвен притисок)
  • Делува како одличен диуретик
  • Го намалува нивото на шекер во крвта
  • Се верува дека помага и за продукција на млеко кај доилки
  • Ги олеснува тегобите во менопауза
  • Ги уништува цревните паразити
  • Го подобрува имунитетот

Употребата на копривата не запира тука, таа има широка примена во:  кулинарството за приготвување на вкусни пити и специјалитети таа традиција е останата од повозрасните, се користи и во  во земјоделството како ѓубриво, Во домаќинствата често ја употребуваат во борбата против лебарки и штетници, најчесто е употребувана за  приготвување на сирупи, еликсири, тинктури. Чајот од коприва делува превентивно и терапевтски

 

Да ве потсетам дека семето од коприва со мед ја подобрува крвната слика кај оние кој се борат со анемијата а воедно  и ќе го зајакне имунитетот.

Оние кои имаат проблеми со простата би можеле да го употребуваат  коренот од коприва  бидејки ја  намалува бенигната хиперплазија на простатата за 80 % при  негова честа  употреба.

Велат не удира гром во коприва, јас како нутриционист би се надоврзала само на оваа поговорка ,,конзумирајте ја копривата и болестите нема да удрат по вашето здравје,,.

 

Пишува:Емилија Спасовска Мојсовска (нутриционист)