Рутинскиот преглед на урината е една од основните лабораториски анализи. Резултатите од анализа на урината можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот, како и за состојбата на генито-уринарниот систем. За анализа се зема првата утринска урина. Се зема не првиот,туку вториот млаз. Анализата се состои од три дела:

1.Опис на физичките и физичко-хемиските карактеристики на урината: изглед, боја, мирис, рН, специфична тежина

2.Хемиска анализа:анализа на протеини, шеќер, кетонски тела, уробилиноген, билирубин и нитрити

3.Преглед на седимент на урина т.е. микроскопски преглед на талогот кој се добива по центрифугирање на урината.

Микроскопски може да се видат плочести епителни клетки, округли епителни клетки, еритроцити, леукоцити, цилиндри, бактерии, аморфни урати, кристали на калциум оксалат, кристали на мочна киселина,кристали на трипл-фосфати, слуз, габи, сперматозоиди. Некои од овие елементи се нормален наод при микроскопирање, а некои се јавуваат при одредени патолошки состојби.

 

Пишува: Д-р Александра Георгиевска, Специјалист по медицинска биохемија во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил:  aleksandra.georgievska@medicaistanbul.mk