За да направите превкусни интегрални органски солени грицки со 6 семиња, и за да ви изгледаат баш вака како на сликата како што ги направи нашиот соработник Љупче Бубе Трајчев,  потребни ви се следните состојки:
– 5 лажици интегрално пченично брашно
– 5 лажици интегрално ‘ржано брашно
– 2 лажици бело брашно
– еден прстофат сода
– лажиче хималајска сол
– по 3 лажици семиња, сончоглед, лен, сусам, тиква
– по една лажица црно семе и мак


Начинот на подготовка е многу едноставен вели нашиот соработник Љупче Бубе Трајчев. Се што треба да направите е сите овие намирници убаво да ги измешате -соедините, потоа ќе додадете 5 лажици маслиново масло и 2 лажици кисело млеко или јогурт, се става на хартија за печење се сече по желба и се пече на 180 степени во рерна. Наздравје!!!