Концептот на Метаболизам.мк е да ги промовира темите од областа на спортот, негата на духот и телото, убавината и секако да даде препораки за нега на здравјето. Да ве информира за појавата на разните видови заболувања, да уочи на одредени симптоми и пред се да делува превентивно. Ваков тип на веб страница ќе најдете и под друго име но секоја е засебна по својот концепт, така е и со емисиите кои третираат теми од областа на здравството, скоро секоја телевизија има своја емисија во која со гостин (доктор)  се разговара за одредено заболување. Денеска и во наредните денови во Меатболизам.мк ќе одвоиме време да поразговараме со водителите (уредниците) на ваквите емисии. Овој серијал ќе го започнеме со човекот кој половина работен век (23год.) е присутен пред екраните, Илија Николовски – Магистер по медиуми и интеркултурна комуникација на Европскиот универзитетот Виадрина во Франкфурт на Одра, Германија.  Водител е на емисијата Фактор Здравје која се емитува на Тв.24. За почеток ни објасни со каков предизвик се соочува за да биде водител на специјализирана емисија.

 

Фактор здравје не е емисија за здравство, туку таа и јас како нејзин водител сме мисионери во поширока смисла на зборот. Емисијата е посветена на здравјето во целина. Неслучајно нашето мото е МИСЛЕТЕ НА СЕБЕ со што сакаме да укажеме дека здрвајето нема алтернатива, нема цена. Според тоа здравјето е во центарот на нашиот интерес, а него го сочинува здравството, т.е. здравствениот систем, оние кои произведуваат храна, вода, додатоци во исхраната, лекови, помагала… Седум години по ред станувам и легнувам со Фактор здравје. Почетокот на секоја емисија за мене е крај на подготовките за таа емисија. Крајот пак на секоја емисија е почеток на последните подготовки за новото продолжение. Секој ден, секоја емисија, секоја тема и секој гостин се предизвик сам за себе. Ме радува и ме исполнува фактот што секој ден пред мене имам нов предизвик кој треба да го совладам за да дојде на ред следниот и следниот и следниот…и така седум сезони по ред и речиси 1400 реализирани емисии. Првите две сезони Фактор здравје се емитуваше на АЛФА ТВ, а сега се емитува на ТВ24 од понеделник до петок во 15.15 минути.

 

За одговорноста и подготовката на емисиите!

 Како професионален ТВ водител зад мене се 23 години кариера. Тоа значи дека повеќе од половина од мојот работен век јас имам огромна одговорност пред себе, пред гледачите и пред гостите. Од друга страна, со точната и проверена информација(не само прочитана и непроверена на глобалната мрежа) јас се подготвувам за одредена тема. Дополнително, директниот контакт со гостинот неколку пати пред емисија ми влева доверба и а нему поголема сигурност дека се што сме договориле успешно ќе биде презентирано пред камерите во студио. За секој гостин се подготвувам темелно и секој гостин има посебни барања. Јас од своја страна користам материјали од гостите за подготовка и тие информации се најдрагоцени за мене

За соработката со доктрите, за некои интересни случки пред камерите

Секоја работа има тежина, па така и мојата. Во суштина секој од нас е зафатен. И јас имам свои обврски. Најважно е тие да се усогласат, да се биде од збор и да се почитува однапред договореното. Неретко се случувало некој референтен гостин за одредена тема да го чекам неколку месеци, па и години додека го реализираме гостувањето во Фактор здравје. Затоа сум посебно горд, уште повеќе што тие гости никогаш пред и по Фактор здравје биле гости во некоја емисија. Речиси сите доктори имаат трема. За нејзино разбирање имам посебен метод и техника. Деталите може да ви ги кажат гостите кои биле во Фактор здравје, хаха. Се шегувам. Но, не се шегувам дека имам посебен начин на разбивање на тремата. Фактор здравје е прва телевизиска емисија која го третира здравјето од сите аспекти и најдолго опстојува во етертот. Во текот на 1400 емисии сме имале многу случки. Последната се случи мината седмица кога во тек на емисија снема струја. На првата најава не светеше дел од осветлувањето. По краткиот џингл, на втората најава студиото осамна во темница. Но, по 3-4 минути се беше средено и емисијата продолжи. Во такви моменти најважна е концетрацијата, присебноста и вниманието кон гостинот кој треба да се охрабри и да му се даде поддршка.

 Во продолжение ставаме акцент на темите кои будат најголем интерес кај гледачите

Илија вели дека Темите кои се однесуваат на стрес, секс и на хирургија секогаш будат најголем интерес, најмногу телефонски вклучувања на гледачи, поточно темите за  ИН Витро, Стрес и секс и кардиоваскуларните заболувања како и  малигни болести.

 

Препорака од Илија за читателите на Метаболизам.мк

Мисијата на нашата продукција ВИКТОРИА ВАИТ е за здравјето да се мисли од превентивен аспект. Најдобро, најефикасно и најевтино е здравјето да се одржува на константно високо ниво, т.е. да се превенира, а не да се лекува. Тоа чини поскапо, остава последици и исходот не секогаш е предвидлив. Ова го кажувам од личен пример, зашто до сега немам отсуствувано ниту една емисија. Покрај физичката и социјална активност, за тоа придонесува здрвата исхрана. Имам редовен појадок, ручек и вечера која ја викам ужина, составена од јогурт, јаткасти плодови или супено овошје. Организмот редовно го хранам и со додатоци во исхранта, како на пример Витамин Це, Д и ГЕ132 плус натурал кој како најмоќен антиоксиданс ми обезбедува високо ниво на имунолошкиот систем во текот на целата година. Среќна, успешна и здрава 2018 година на вашите читатели!