Доколку вашето дете го приметувате дека го менува своето расположение, често е заморно покажува раздразливост, агресија, хиперактивност, пореметување на сонот, и емоционална нестабилност, тогаш потребно е да направите некои промени во вашиот дом и во собата во која спие детенцето. Не сме свесни колкаво зрачење и штетност ни носи технологијата без која неможеме да си го замислиме нашето секојдневие. Одалечете го детето од  електрични инсталации, електрични апарати, мобилни телефони, телевизори, ЦРТ монитори. Д-р.Толе Битовски  од Ј.З.О. Здравствен Дом Скопје, не советува во каква просторија е соодветно да се спие, што треба да се отстрани од просторијата. Прочитајте внимателно и потоа проверете ја собата во која спијат вашите деца!

 

Јачината на магнетното поле на површината на Земјата изнесува од 30 мТ до 60 мТ (микротесли) односно 0.3-0.6 Gausi. Најјако е на половите (60 мТ), симнувајки се кон Екваторот, интензитетот се намалува (30 мТ). Нашата планета, односно природа има своја Шуманова фрекфенција од 7,8 Hz. Оваа фрекфенција е идентична со електромагнетната фрекфенција што ја емитува човечкото тело од 7-9 Hz. Денес веќе има 8,6 Hz. Магнетното поле е неопходно за живот на Земјата, со негово слабеење слабее магнетното поле на човекот и останатиот жив свет.

Долгото изложување на детската популација пред комјутерите, телевизорите, честата употреба на мобилни телефони и другите електро апарати, ги зголемува веќе постоечките здравствени проблеми, предизвикува чувство на замор, раздразливост, агресија, хиперактивност, пореметување на сонот, и емоционална нестабилност.

Врз база на испитувањето на др. Киочи Накагава дир. на болницата во Токио симтомите се : вкочанети раменици, грб и врат, болки во градите, општа слабост на телото, алергии, чести разни заболувања, заборавеност, циркулаторни прeчки . Електро магнетното поле  постои околу електрични инсталации, електрични апарати, мобилни телефони, телевизори, ЦРТ монитори.

                                                                         Д-р.Толе Битовски физ.одд. “ Пол.Ј.Сандански” Ј.З.О. Здравствен Дом Скопје

 

Бритиш медикал (British medical) журнал 2005 год. објавува резултати на универзитетот од Оксфорд дека 2900 случаи на леукемија кај децата под 15 години во Велика Британија се поврзани со близината на живеење до високо волтажни водови под 200 метри далечина. Институтот за Енвиронментал (Environmental medical Institute) од Стокхолм 2004 год. на Каролинската болница објавува 150 случаи на неврином (бенген тумор на акустичниот нерв) кој ги поврзува со интензивно користење мобилни телефони во последните 10 години. Инаку овој тумор е многу редок 1:1000000 луѓе и вака зачестеното јавување е невообичаено. Магнетното зрачење во затворен простор е 1.3 до 4.2 пато поголемо во однос на отворен простор.

Заштита од електромагнетно зрачење: избегнување на електромагнетните полиња особено во текот на ноќта, да се спие на темно, не пред телевизор, компјутер, да се исклучуваат сите апарати додека се спие, да се оддалечи креветот од електрични инсталации, да не се претсојува долго време пред ТВ, компјутер, и други електрични апарати, избегнување на честа употреба на мобилни телефони, да се спомне дека кај телевизорите постојат и штетни X-зраци кои се лоцирани пред CRT телевизорите на 2 должини од дијагоналата на екранот.