ХИПЕРТЕНЗИЈА -ТИВОК УБИЕЦ НА ЧОВЕКОТ
Појавата на хипертензија стана болест на општеството, едноставно болест на современиот човек. Ја нарекуваат и тивок убиец на човекот, затоа е клучна раната детекција и правилниот третман. На тема Хипертензија екипата на Метаболизам.мк зборуваше со Д-р.Славица Ќуксановска , вработена во ЈЗУ Здравствен Дом -Скопје. Прочитајте ги нејзините совети ако имате некои од наведените симптоми, нашата препорака е задолжително да го посетите вашиот доктор!
Метаболизам мк: Доктор Славица Ќуксановска дали би можеле да ни кажете што претставува високиот крвен притисок (хипертензија)?
Д-р. Ќуксановска: Секој крвен притисок кој е над 140/90ммХг се смета за зголемен крвен притисок. Има повеке фази на Хипертензија
- Прва фаза е кога систолниот се движи помеѓу 140-160/диастолен е 90-100ммХг
- Втора фаза е кога систолен е 160-180/диастолен е 100-120ммХг
- Трета фаза е кога е над 180/120ммХг и оваа фаза се нарекува малигна или опасна Хипертензија
Метаболизам.мк: Кои се причините за појавата на Хипертензија?
Д-р.Ќуксановска: Причините за појава на ХТА се делат на:
- Примарни-есенцијални
- Секундарни-директни
Примарните се индиректни причинители на ХТА како на пр пушењето, обезноста (зголемена телесна тежина), хиперлипидемија(маснотии во крвта), и зголемено ниво на шеќер во крвта. Воедно овие причини претставуваат и ризик фактор за појава на ХТА.
Секундарните или директните причинители на ХТА се оние кои потекнуваат од некакво пореметување во организмот на човекот. Такви се на пр атеросклеротични плаки камчиња во бубрези, васкулитис или дисекција на аорта.
Деведесет одсто од пациентите имаат примарна есенцијална ХТА (Хипертензија), додека само 10% од пациентите имаат посебна причина, органска за појава на ХТА.
Д-р.Славица Ќуксановска
Метаболизам.мк: Би ве замолиле во продолжение да ни дадете информации за тоа кои се симптомите, каква е манифестацијата и дијагнозата за ХТА (Хипертензија)?
Д-р.Ќуксановска: На почетокот кога ке се јави ХТА голем број од пациентите не чувствуваат никакви тегоби. Немаат симптоми, затоа и оваа болест се вика тивок убиец. Се препорачуваат редовни контроли, еднаш годишно во работната организација-систематски прегледи или еднаш во шест месеци кај матичен д-р.
После одреден преиод доколку пациентот во континуитет има зголемен крвен притисок доага до појава на забрзана срцева работа, проблеми со големите и малите крвни садови кои може да предизвикаат пореметувања во функцијата на бубрезите, намалување на видот, раскинување на мускулните влакна на срцето, аневризми и мозочен удар.
Најчести симптоми и знаци се главоболки, вртоглавици, заматен вид, гадење и повраќање, градна болка, глад за воздух, зуење во ушите.
ХТА претставува ризик фактор за појава на срцев и мозочен удар, срцева слабост, бубрежна инсуфициенција, оштетување на видот, периферна артериска болест со појава на силни болки во долните екстремитети, аневризми кои може да руптурираат.
Дијагнозата се поставува со мерење на крвниот притисок во различен период од денот, минимум во тек на една недела, при што се запишуваат различните вредности на крвниот притисок. Се прават дополнителни лабараториски тестови првично за да се најде причината за појава на ХТА а воедно и да се види дали ваквиот викок крвен притисок предизвикал дополнителни оштетувања на другите органи во организмот. Следен чекор во иследувањето и поставувањето на дијагнозата е ЕКГ и РТГ нативна графија на бели дробови и срце.
Доколку сите од горе наведените тестови се позитивни се дијагностицира Хипертензија и се препорачува терапија.
Метаболизам.мк: Каков е најчесто терапискиот пристап?
Д-р.Ќуксановска: Првично се препорачува да се промени начинот на живот, што подразбира:
- Диета со намалено ниво на сол во исхраната, намален внес на масна- пржена храна, исхраната да биде богата со овошје и зеленчук и природни влакна.
- Зголемена физичка активност
- Намален стрес
Потоа се преминува на лекарстава!
Има повеке типови на лекови а најчести се
АКЕ инхибитори, Бета блокатори, Калциум антагонисти диуретици, нитрати, вазодилататори и Алфа 2 агонисти.
- АКЕ инхибиторите ги користиме кај пациенти со дијагностициран дијабет, затоа што е докажано дека ги заштитуваат бубрезите и нивната функција, кај пациенти со конгенитална срцева слабост ја подобруваат Ежекционата фракција, а кај пациенти со преживеан Акутен миокарден инфаркт го подобруваат и продолжуваат векот на живот кај пациентот.Контраиндикации кои може да се јават во вид на ангиоедем-отоци на нозете вратот јазикот, кашлица, зголемено ниво на калиум и натриум. Може да го зголемат нивото на креатинин кај пациентите кои имаат стеснување на бубрежната артерија.
- Бета блокаторите се користат кај пациенти со срцева слабост и кај пациенти со преживеан акутемн миокарден инфаркт бидејки го подобруваат и продолжуваат векот на животот кај пациентот. Овие лекови се користат кај млади лица. Самата функција на бета блокаторот е да ја намали срцевата работа но во исто време може да предизвика и зголемуванје на маснотиите во крвта, депресивни состојби и бронхоспазам, па затоа се избегнува да се даваат кај пациенти со Астма и ХОББ.
- Калциум антагонисти ја намалуваат срцевата работа, се користат кај постари пациенти со исхемична срцева болест. Тука спаѓаат Амлодипин, Нифедипин Верапамил, Дилтиазем. Оваа група на лекови кај пациентите може да предизвика едеми на долните екстремитети, констипација и срцева слабост.
- Диуретиците се препорачуваат кај постари пациенти, тие г о зголемуваат нивото на креатинин во крвта



