ЧИТАЈТЕ ИМ КНИГИ НА ВАШИТЕ ДЕЦА
Денеска е Светски ден на детето. Прегрнете го вашето дете и уживајте во заедничките прегратки. Детето се чувствува безбедно покрај вас а вие исполнети покрај вашето чедо. Уживајте во заедничките мигови, уживајте во играта со детето или во читањето книги заедно. Во книгата ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА на авторите Џејн Нелсен, Черил Ирвин и Розлин Дафи се наведува дека читањето на книги е најдоброто нешто што можат да го направат родителите. Заедно со вашето бебе седнато на скут би можеле да ги гледате шарените страници на книгата, а дечињата што заодиле се интересираат да слушаат приказни. Додека читате соживувајте се со улогата: менување на гласот, правете звучни ефекти, потикнувајте го детето да го правви истото. Не мора да се ограничувате само на книги кои имаат илустрации, читајте книги што имаат само текст и потикнувајте го детето да само да си ја создава сликата од прочитаното.

Читањето би можело да стане омиленото нешто во денот на вашето дете , а децата обично желно го впиваат секој нов свет што им го покажала книгата. Како што ќе расте вашето дете упатувајте го на книгите кои вие сте ги сакале или распрашејте се помегу вашите пријатели за кои книги се интересирале нивните деца.Читајте заедно по едно или две поглавја навечер, и тоа нека ви стане навика. Искуството кај многу родители покажало дека овој пријатен ритуал по детството навестува однос полн со топлина и блискот помеѓу родителите и децата како и поголема заинтересираност низ животот кон книгите и учењето. Ако знаеме дека телевизијата би можела да го промени начинот на кој функционита мозокот на детето, покажуваат пасивност и помала креативност во текот на играњето. Затоа играјте со играчките заедно со вашите деца, читајте заедно сликовници и книги. Уживајте во детството на вашето дете, годините брзо поминуваат она што ќе остане помегу вас е токму времето кое сте го поминале заедно а оставило позитивна дисциплина.


