Појавата  на Гастритис е многу честа болест која се јавува кога облогата на желудникот станува воспалена. Состојбата може да биде акутна (Со не доволно  изразени  симптоми и и можела да се реши за неколку дена) или хронична (може да остане во телото незабележано долго време, но да се комплицира подоцна).

Заболувањата на желудникот, особено воспалувањето на слузницата на желудникот (гастритис), се едни од најчестите заболувања предизвикани од внатрешни или надворешни фактори.

Причини за гастритис

На прво место е долгогодишната неправилна исхрана (брзата и зачинета храна, нередовната исхрана и друго.). Причина за појавата на хроничен гастритис се исто така и претераното консумирање на алкохол, никотинот и одредени медицински лекови, како и други гастроинтестинални заболувања, заразни и метаболични нарушувања. Патогенезата на хроничниот гастритис е поврзана со различни промени во слузницата на желудникот, што доведува до нарушување на секреторната  и моторната фукција на желудникот.

Симптоми

Симптомите зависат од видот и локацијата на гастритисот и можат да бидат:

-Тапа или жаречка болка во горниот дел на абдоменот

-Подригнување или надуеност

-Мачнина

-Повраќање

-Губење на апетит

-Тежина во горниот дел на абодменот по земање на храна

-Одложени гасови, а понекогаш и дијареа

Хроничниот гастритис се развива постепено и почесто предизвикува тапа болка и чувство на ситост или губиток на апетит по неколку залаци на храна. Но, многу од пациентите со хроничен гастритис немаат никакви симптоми и знаци на болеста. Од големо значење е и периодот на појавување на болеста. Најчесто се јавува во пролетниот или есенскиот период.

 Дијагноза

Непатогените симптоми и нејасната слика особено го отежнуваат дијагностифицирањето на оваа болест.

Лабораториските испитувања, присуството на Helicobacter pylori или други антитела, РТГ снимање на стомакот, како и гастроскопијата, можат да дадат дијагноза за хроничен гастритис.

 Терапија

Се базира врз неколку лекови. Лекови кои се применуваат во терапијата на гастритисот се:

*Антациди – ја неутрализираат желудечната киселина и брзо ја ублажуваат болката.

*Инхибитори на протонската пумпа (IPP) – omeprazol, pantoprazol, rabeprazol, lansoprazol, esomeprazol.

*Антагонисти на H2 рецепторите – cimetidin, ranitidin, famotidin, nizatidin.

*Лекови за искоренување на бактеријата H. pylori

Совети за превенција од Д-р Арбен Асани

Превенцијата воглавно се состои од тоа да се избегнат факторите коишто причинуваат гастритис.

-Не пушете

-Избегнувајте алкохол

-Внимавајте на исхраната

-Обрнете внимание на хигиената

-Намалете го стресот

-Побарајте мислење од доктор специјалист за одредени лекарства

Тимот на доктори специјалисти од одделот на интерна медицина во МЕДИКА Истанбул Тетово е секогаш тука да ви пружи соодветно лекување и нега.

Пишува: Д-р Арбен Асани, Специјалист интернист во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово     arben.asani@medicaistanbul.mk

Реагирајте на време. Закажете термин на 04 344 414, или на е-маил contact@medicaistanbul.mk