Јаткастиот плод на бадемот е исклучително богат извор на витамин Е, кој пак е од особено важност за нормалното функционирање на организмот на една трудница, при тоа помагајќи го правилниот раст и развој на бебето во утробата на мајката. Бадемите во својот состав содржат мешавина од најважните елементи во трагови, како што се фосфор, калциум, магнезиум и цинк, но, исто така, некои видови на киселини кои се важни за женскиот организам за време на бременоста.

Со консумирање на само десетина плода во текот на денот значително се намалуваат проблемите со дигестивниот систем, мачнините и повраќањето, се зголемува ефикасноста на мозочните клетки, се намалува чувството на надразливост, се зголемува отпорноста на замор и стрес, се регулира сонот и сл.

Бадемите исто така, поради својот богат минерален состав помагаат при намалување на мускулните грчеви, проблемите со забалото и запекот

Автор на текстот:Д-р Македонка Наумовска, специјалист по гинекологија и акушерство во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово
Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk