Во периодот од 17 до 21.6.20180 беше организиран 7-миот по ред традиционален летен камп во организација на Здружението РАСТ, каде присуствуваа 60-ТИНА членови, настан кој е многу важен како за дечињата кои се на хроничната хормонска терапија за раст, така и за самите родители. Имаше богата агенда со нај различни едукативно спортски активности преку кои организаторите имаа за цела да ја зголемат самодовербата кај дечинјата но и кај родителите , да им покажат дека не се сами во својата борба, дека има и други како нив.

Александар Петрески (претседател на Здружението Раст) за метаболизам.мк вели: Во Р. Македонија има 100 официјални регистритани пациенти кои се на хормонска терапија за растот, но исто така би сакал да нагласам дека нашите податоци (неофицијални) говорат дека чекаат уште сигурно 60-тина дечиња за да започнат со терапијата, за жал кај нас новиите пациенти започнуваат со терапијата кога ќе заврши со терапија некој од веке третираните пациенти, бидејки бројката од 100 пациенти е нпроменета и сеуште стои како критериум за лекување во Р. Македонија кои се на терет на државата.