Што е дехидратација?

Две третини од човечкото тело е вода. Водата учествува во многу функции, ги подмачкува зглобовите и очите, ја одржува кожата здрава  со елиминација на отровите и одржување здрава дигестија. Кога телото губи вода, треба да се надокнади за да се одржи рамнотежата меѓу солите, минералите, глукозата за одржување на биолошките процеси да работат оптимално. Водата е суштински дел од секојдневниот живот.

Кога телото станува дехидрирано драстични промени може да се јават. Се намалува ткивната течност на мозокот што може да води до промени во волуменот на мозокот. Крвта станува погуста и срцето треба потешко да работи. straining your cardiovascular system. Дехидратацијата ја компромитира способноста на телото да ја регулира телесната температурата.

Губиток на 1 до 2 % од водата може да предизвика жед, знак дека треба да се надокнади изгубената течност. Умерена дехидратација може лесно да се третира, но ако достигне екстремно ниво, може да е животно загрозувачка.

Знаци и симптоми на дехидратација

Блага до умерена дехидратација– сува кожа, сува, леплива уста, замор, главоболка, зашеметеност, вртоглавица, поспаност, запек, намалена количина на урина и солзи, мускулни грчеви.

Тешка дехидратација – екстремна жед, низок крвен притисок, срцебиење, забрзано дишење, иритабилност, конфузност, потонати, вдалбнатиочи, сува кожа која не се враќа кога ќе се штипне, треска, мала количина темна урина, делириум, бесвесност во тешки случаи.

Хроничната дехидратација може да води до создавање на каменчиња во бубрезите, запек и грчеви поради електролитна нерамнотежа.

Што предизвикува дехидратација?

Има многу причини за дехидратација, генерално се јавува поради губиток на многу течности и не внесување доволно течности. На пример, интензивна физичка активност води до профузно потење и губиток на вода, за да се надомести губитокот неопходна е соодветна хидратација.

Други причини за дехидратација

  • Пролив, дијареа – најчеста причина, кога интестиналниот тракт не ја апсорбира водата од храната.
  • Повраќање – честа причина; поради гадење, труење со храна или алкохол.
  • Потење –треска, температура, интензивна физичка активност,  работа во жешка средина.
  • Дијабетес
  • Често мокрење – поради лекови(антихистаминици, лекови за намалување на крвниот притисок, антипсихотици).

   Др. сци.мед. Маја Милованчева-Поповска

специјалистпоинтернамедицина – нефролог

ПЗУ ПромедикаМедикалЦентар