Она што се прави, има објаснување, логика и оправдување за тоа. Дали сте се запрашале зошто некои вработени се однесуваат како диктатори? Повелете психолошко објаснување:

Диктаторот ја пренагласува силата

“Во неговиот капацитет за работа недостасува емпатија и способност да ги препознае и да ги прифати своите граници. Низ работата ги надкомпензира недостатоците и инфериорноста. Владее со покорување кое е пасивно-агресивно однесување. Бира слаби работници кои му стануваат соработници и опкружување. Тоа е активен манипулатор и на тој начин ги контролира другите. Не е способен да се соочи со своите слабости, па прави замаглување, извртување, игра многу игри за да на крај дојде до лажен факт дека тој знае и умее.”

Раководител-диктатор

Не е способен да ги делегира одговорностите и затоа сам на себе си станува жртва. Често има проблеми во оддржување на балансот во нарцисоидниот дел на својата личност, бидејќи работната средина му е огледало за оддржување на својата лажна грандиозност. За да ја оддржува силата и доминацијата, ги потиснува слабостите, и токму затоа му се потребни слаби работници околу него, за да полесно дојде до чувството дека е силен или во најмала рака посилен од нив.

 

Ваквите вработени, без разлика на која работна позиција се, манипулираат со вољата на другите. Својот внатрешен свет го проектираат на соработниците. Наместо да се соочат со слабостите и да работат на нив, тоа го прават на следниот начин-ги исфрлаат надвор од себе, ги лепат на другите и тогаш ги контролираат и ги казнуваат вработените.

“Таму каде што царува диктатурата, нема клима за исполнетост од работата и успех”

Трет Родител” Центар за личен и организациски развој

tretroditel@yahoo.com          www.tretroditel.wordpress.com          fb Tret Roditel

М-р психолог/ советник психотерапевт Розалија С. Пендевска

078 273 763