СОВРЕМЕНО ЛЕКУВАЊЕ НА РЕВМАТОИДНИОТ АРТРТИС
Ревматоидниот артритис (РА) е хронично и еволутивно воспалително ревматско заболување со системски манифестации и прогресивно оштетување на зглобовите.
Оставен без лекување, пациентот со ревматоиден н артритис е соочен со инвалидност заради деформитети на зглобовите , намален квалитет на живот и скратување на животниуот век.
Ревматоидниот артритис е едно од најчестите автоимуни заболувања .Се јавува кај сите етнички групи и три до четири пати е почест кај жените .
Лекувањето на РАе сложен и долготраен процес.Големиот број на тераписки можности за лекување денес ,бараат големо познавање на лекарот што ги води овие пациенти.
Основна цел на лекувањето на РА е, пред се намалување на знаците и симптомите нa воспалението на зглобовите ,намалување на болките,отоците,утринската вкочанетост, субфебрилните температири и општата слабост..
Активното лекување на болеста треба да започне веднаш по постаување на дијагнозата, а најдобро во првите 3-6 месеци од почеток на заболувањето
Навременото упатување на пациентот на ревматолог,раното поставување на дијагнозата на заболување и правовременото воведување на ефективен режим на лекување ,многу придонесува за подобрување на прогнозата.Антиревматските лекови кои го модифицираат текот на болеста (Disease Modifyng Antireumatic Drugs-DMARDs)кај РА доведуваат do подобрување на клиничките и лабораториските параметри.
Повеќето ревматолози ќе го одберат метотрексатот и сулфасалазинот како инициален ДМАРД.Лефлуномидот е исто така имуноомодулаторен лек кој се покажа како ефикасен.
Воведувањето на новите биолошки ДМАРДС добија голема тераписка димензија.Овие лекови се таргет терапија.Во лекувањето на РА се користат и нестероидните ревматици како и глукокортикоидите.
Со редовни контроли на пациентите, можат да се одбегнат можнитеа компликаци на лекувањето. Мониторирањето и водењето на пациентите со РА треба да е спроведено од ревматолог.
Сепак, комплетниот пристап во лекуванјето на овие болни е мултидисциплинарен (физијатар,ортопед,психијатар и други).
Пишува: Проф. Д-р Нада Марина, интернист, субспецијалист по ревматологија Медика Истанбул Тетово
Е-маил: nada.marina@medicaistanbul.mk


