Човечките задачи, обврски и проблеми биле тешки и во минатото исто како и на нас во современото време. Технологијата напредува а човечката способност стагнира. Како и секогаш некои луѓе ги поместуваат границите и постигнуваат големи резултати во спортот, медицината и науката. Други бараат решение за здраствени проблеми. Она што не се менува и што е заедничко е градбата на нашето тело, неговите потреби и функции. Темпото во кое живееме и кое ни се наметнува, ни поставува приоритети кои не тераат да се запоставиме самите себе. Императив на денешниот човек е да биде конкурентен и функционален, а тоа е тешко и невозможно без добро здравје. За да бидеме здрави треба да имаме правилна анатомска градба, нормални функции на поедни органи и телото како целина. Без оглед што работиме и колку години имаме треба да бидеме здрави. И покрај напредокот на технологијта, медицината и едукацијата бројот на болести и заболувања не се намалува. Причина за повеќе болести кои го мачат современиот човек е ротацијата на Атласот првиот вратен пршлен.

                                                                                              Д-р.Пале Будиќ(доктор по медицина-Атлас специјалист)

Последиците како симптоми и заболувања не е можно да се спречат со отстранување на симптомите. За да го спречиме напредувањето на постоечките здраствени тегоби и појавата на нови неопходно е да се отстрани причинителот. Со АтласРелакс методата положбата на Атласот со само еден третман трајно и безопасно се враќа во првобитна состојба. Со оглед на тоа што ротацијата на Атласот е вроден проблем, идеално би било третманот да се примени што порано кај децата и со тоа ќе се спречат сите понатамошни деформитети. Децата исто така се изложени на темно на живот што доведува до неправилен и отежнат раст и развој. Тешките школски ранци уште повеќе ја влошуваат лошата конституција. Се се почести појава на кифози, сколиози, нееднаквост на должината на нозете, деформитети на стапалата, како последица на ротираниот Атлас, лошата статика и преголемото оптеретување. Со текот на времето состојбата без вежбање и со примена на ортопедските помагала се влошува. Во пубертетот со сите промени кои ги носи до здрелата доба обврските кои треба да се завршат се повеќе се зголемуваат. Се јавуваат нови функционални пореметувања : низок и покачен крвен притисок, срцеви аритмии, гастроинтестинални тегоби, главоболки, вртоглавици, болки во рбетот со ширење низ главата, рацете и нозете.

Напредокот на болестите ја намалува човечката способност се до инвалидитет. Задачата на нас Докторите Атлас Специјалисти, кои ја применуваме АтласРелакс методата, е да ги запознаеме пациентите со третманот, да ја објасниме поврзаноста на Атласот со нивните здраствени тегоби, и да ги предупредиме на промените и реакциите кои ќе се јават по местењето на Атласот во неговата првобитна положба. По третманот Атлас Специјалистот и пациентот остануваат во контакт со цел да се прати и да се следи пациентот низ процесот кој започнува со местењето на Атласот. Кај поголем број од пациентите доаѓа до брзо подобрување како на пример кај оние со главоболки и вртоглавици. Додека кај повеќето, кај оние со долгогодишни тегоби процесот на подобрување трае постепено низ повеќе месеци и години. Често привремено се појачуваат веќе постоечките симптоми. Со придржување на советите кои ги дава Докторот Атлас Специјалист , процесот се олеснува и забрзува. Поради сето ова значајно е да се напомене улогата на Атлас Специјалистот кое цело свое медицинско знаење го применува на пациентите и заедно со пациентите одговорно, внимателно и стрпливо ќе работат на своето здраствено подобрување.

 

Автор: Д-р. Павлина Будиќ (Доктор по Медицина – Атлас Специјалист)

ATLASRELAX Центар Скопје

Facebook : AtlasRelaX Centar Skopje

Телефонски Број : 071 / 333 – 999