Лето е и многумина посегнуваат по брзи диети пред да заминат на плажа. Докторите и нутриционистите не ги сакаат многу овое дието бидејки сметаат дека има Јо-јо ефект, она што ѓе изгубите да се врати набрзина.  Доколку сакате да направите брза промена на вашето тело една недела пред да се појавите на плажа а да симнете -5 килограми ви даваме предлог за 2 брзи и испробани диети!

Оние кои ги држеле овие диети изгубиле по 5 килограми за 5 дена!

Брза диета број 1

Првиот предлог за диета трае 5 дена и секој ден ќе треба да го јадете истото.

Појадок:  Наутро конзумирајте овошје по ваш избор освен банани и секако многу вода.

Ручек: За ручек треба да јадете зелена салата со една виршла и едно варено јајце. (без леб и салатата посолена и со маслиново масло)

Во деновите додека ја држите диетата забарането е да пиете Алкохолни пијалоци, засладени сокови и млеко. Се препорачува лимонада од свежо исцеден лимон со вода како и по минимум 2 литри вода на дневно ниво.

Една опомена оваа диетата не смеете да ја држите  повеќепати без паузи.

Брза диета број 2

За разлика од првата оваа трае  7 дена, со истата се пртедвидува да изгубите од вашата тежина од 5 до 6 килограми.

Прв ден

Првиот ден треба да јадете само овошје, без банани. Овошјето се дозволува  во неограничени количини да се внесува, а најдобар избор би направиле ако го одберете она кое содржи многу течности, иако е зеленчук можете и лубеницата да ја јадете!

Втор ден

Ако првиот ден ви беше овошен вториот ќе биде со зеленчук 🙂  Треба да јадете само зеленчук кој може да биде во свежа форма, зготвен или конзервиран. Бидете внимателни и одбегнувајте го  мешункастиот зеленчук. Се препорачува зелен и лиснат зеленчук. Зачините можете да ги  упоребувате но не и масло.


Трет ден

Во третиот ден правите комбинација на овошје и зеленчук. Зеленчукот  подготвувете го како супа. Комбинирајте  повеќе видови на зеленчук, сварете ги и зачинете!

Четврти ден

Во четвртиот ден од диетата можете да јадете само банани (до три во денот), млеко(немасно), и зеленчукова супа исто како од предходниот ден.

Пети ден

Во петиот ден ќе јадете и 200 грама месо (говедско), треба да се свари со зеленчук во вид на супа и можете да изедете до 6 домати во текот на денот. Месото не го пржите!

Шести ден

Во шестиот ден повторно јадете зеленчукова супа со 400 грама говетско месо. Не пржено.

Седми ден

Во седмиот ден се исхранувате како и предходниот со тоа што месото ќе го замените со интегрален ориз.

Оваа диета би можеле да ја преименувате во неколку циклуси но би требало да направите пауза од два до три дена. Со среќа

Препорака:

За некои организми овој вид на диети би можеле да бидат и исцрпувачки и затоа би ви било од корист доколку  направите консултација со лекар или нутриционист.