Пролетна депресија – Дали е мит или вистина?

Кога и зошто се случува? 

Доаѓа пролетта. Природата се буди од зимскиот сон. Сонцето е се повеќе присутно, температурата се покачува, природата се разлеленува. Како што се буди се околу нас, пролетта го повикува човекот да се разбуди. Во организмот се зголемува лачењето на сератонин и меланин кои во зимата ги има помалку. Тие хормони праќаат дразба во мозокот дека е потребно помалку сон и поголема активност.

Организмот Ве повикува да го детоскицирате од зимската храна која зад себе оставила токсини, да го зголемите внесот на витаминот Ц, повеќе време да минувате надвор и да бидете физички поактивни. Болките во зглобовите, главоболките, вртоглавиците, проблемите во сонот и сета нелагодност, се индикатор дека безволноста, апатијата, мрзеливоста се синдром на пролетна депресија. Овој феномен е успешно маскиран не само од сезонските амплитуди, туку и од животните промени. Сето тоа уште повеќе ја усложнува диференцијалната дијагноза.

Доколку се исклучат медицинските причинители, како што се зголеменото ниво на триглицериди, холестерол и патолошките промени на крвниот притисок, тогаш можеби страдате од пролетна депресија. Ако постојат медицинска етиологија за сите симптоми решете го заморот со медицински препораки. Понекогаш промената на исхраната, зголемен внес на витамин Ц и прошетки надвор се решението. Доколку причинителот е од психолошка природа, побарајте стручна помош. Тогаш е потребно да се разработат проблемите од поинаков аспект. Не очајувајте. Така ќе се вртите во кругот на пролетната депресија!

Се додека има век, има лек!

Трет Родител” Центар за личен и организациски развој

tretroditel@yahoo.com          www.tretroditel.wordpress.com          fb Tret Roditel

М-р психолог/ советник психотерапевт Розалија С. Пендевска

078 273 763