Црешата е најмногу распространета во средниот и западниот дел на Европа, на Балканот, Апенинскиот и северниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Присутна е на Средоземјето, ниако можете да ја најдете се поретко. Во најјужните делови на Европа расте на нешто поголеми надморски височини и се највкусни. Во Азија може да се најде на Кавказ, Крим и во делови на Мала Азија.
Се работи за од најзастапените растенија во овоштарството поради вкусниот плод, што може да се користи во свежа и преработена состојба. Ова дрво,црешата датира уште од праисторијата, кога за неа знаеле луѓето од бронзеното време, поточно 2000 години п.н.е. Припитомувањето на црешата започнало во VIII век п.н.е. и луѓето ги користеле нејзините плодови и биле свесни за сите благодети кои ги нуди. Се смета дека првите цреши биле огледувани и размножувани на територијата на Мала Азија и Грција.Луѓето уживаат во прекрасниот вкус на црешите но овој плод го обожаваат и животните и на тој начин придонесуваат да се размножи повеќе во природата.

Нутриционистите ја препорачуваат како користен плод против болестите на бубрезите како и против други уринарни инфекции, огромен борец е против зачестената хипертензија кај луѓето, а се користи и како моќен дуиретик. Таа се препорацува против консипација (запек), ја подобрува меморијата (помнењето), ја зајакнува физичката и менталната исцрпеност на телото. Се препорачува да ја користат лица со ревматски заболувања и други болести на зглобовите и коските. Антицијанидите кој ги има кај црешата се одличен извор за мазен и сјаен тен на кожата и при тоа и дава здрав и млад изглед. Црешите ги уништуваат штетните ензими кој се наоѓаат во кожата и со тоа го спречуваат настанувањето на целулитот и познатата кожа ко кора од портокал,Докторите велат дека црешите го затегнуваат сврзното ткиво,и превентивно делуваат кон канцерогените заболувања.