Намалете ги масните наслаги и целулитот наједноставно!

Сите постојано сакаат да бидат убави, привлечни и згодни. Покрај привлечноста, убавината се повеќе ја зголемува самодовербата при секој поглед во огледалото. Од тие причини во областа на козметиката, постојано се усовшуваат апарати и препарати кои ќе помогнат полесно и побрзо да ги постигнете саканите резултати.


Примената на струјата во медицината е позната од поодамна. Во модерната медицина струјата се користи за лечење на многу болести: во физикалната терапија, во козметиката и во естетската медицина. Струјата со ниска фреквенција предизвикува контракција (згрчување) на мускулите и се користи за електростимулација на мускулите.

Еден од апаратите кои во последно време, ги дава докажано најдобрите и најбрзите резултати без разлика дали се работи за слабеење или за подмалдување, е апаратот за третман со радио фреквренцијаи и вакум. Оваа иновативна технологија неодамна пристигна прва во Македонија  во дрматовенеролошката ординација  ,,Др.ГОРИЦА,, под името MAGIC POT.

Тоа е повеќе наменски апарат кој помага во решавање на проблемите со целулитот, се бори со зголемената телесна тежина, ја затегнува и регенерира кожата и ги зајакнува мускулите.

Со зголемување на фреквенцијата на струјата се создава посебен вид на електромагнетно поле што го создаваат радиобрановите. Радиобрановите делуваат на молекулите на водата во ткивото и предизвикуваат нивна ротација при што се ослободува енергија во облик на топлина која контролирано го загрева ткивото со многубројни позитивни резултати. Се забрзува работата на метаболизмот, ја поттикнува лимфната дренажа што придонесува до зголемување на циркулацијата, обновување на веќе постоечкиот колаген и создавање на нов.

Радиофреквенцијата го загрева ткивото со помош на електричното поле кое настанува помеѓу две електроди (апликатор и референтна електрода). Напонот помеѓу електродите брзо поминува од позитивен во негативен и обратно и наизменично ги превлекува електроните и јоните. Природниот отпор на ткивото на тие промени доведува до создавање на топлина што за последица има: вазодилатација (проширување на крвните садови), зголемен мускулен тонус, еластичност на ткивата и активирање на фибропластите (Фибробласите се јадрени клетки кои влегуваат во состав на сврзното ткиво. Имаат сферична форма и произведуваат колагени влакна во истото ткиво).

Со созадвање на топлина се постигнува волуметрично загревање на ткивото, на подлабоките мускулни ткива и слоевите измеѓу нив. Специфичноста на ваквото загревање е во тоа што во потполност го избегнуваме загревањето на површинскиот слој на кожата, а постигнуваме висока, но строго контролирана температура длабински во ткивото без никакво оштетување. Ткивото со висока сорджина на вода (крвта, мускулите, местата со целулит) имаат најголема електрична спроводливост. Коските имаат ниска електрична спроводливост, па така електричниот проток не влегува во нив самите туку кружи околу коските.

Како делува ,,MAGIC POT,,врз  ЦЕЛУЛИТ И ВИШОК КИЛОГРАМИ  

Загревањето на ткивото ја појачува циркулацијата и лимфната дренажа поради ширење на садовите. При застојот на циркулација во вените и жилите доаѓа до насобирање на масти и појава на отоци поради задржување на штетните состојки во ткивото. Со помош на вакумот и радиобрановите ја разбиваме мембраната на масното ткиво при што состојките од масното ткиво се исфрлаат преку венската циркулација и лимфен состав и се заедно се исфрла преку мокрачата. Се интензивира лачењето при што се доведува до интензивно разградување на мастите. Ефектите од радиобрановите може да се споредат и со липосукцијата, но без несакани последици и без чувствување на болка. Се губи збрчканата кожа, се губи целулитот , а се затегнува кожата и зајакнуваат мускулите.Третманот трае околу 40 минути, а се препорачува 2 пати неделно.

НАЧИН НА РАБОТА СО MAGIC POT

Методата е доста пријатна, топла и делува благозаспивачка. Времетраењето на третманот зависи од површината која се третира. Брзината на постигнување на посакуваната температура зависи од самата личност на која се врши третманот, зашто кај некои пациенти побрзо се постигнува, а кај некои тоа е поспоро и е потребно подолго време за постигнување истите ефекти.

 

Автор на текстот Д-р.Горица Дачевска (специјалист , дерматовенеролог. ПЗУ –Др.Горица)