Научници тврдат дека ги направиле првите чекори кон создавање нов тест за рано откривање аутизам, заснован на испитување крв и урина. Имено, истражувањето објавено во списанието „Молекјулар Аутизм“, укажува дека кај децата со аутизам има повисок степен на оштетување на протеинот, во споредба со децата кои го немаат тоа нарушување. Доктор Наила Рабани од Универзитетот Ворвик, која го предводела испитувањето, смета дека тестовите можеби би можеле да доведат до рано откривање на состојбата. Сепак, се напоменува и дека претстои многу работа, додека тестот не го добие крајниот изглед.

Аутизмот влијае на однесувањето и социјализацијата, но дијагнозата се поставува најрано во втората година, а често и во многу подоцнежна возраст. Моментно не постојат биолошки тестови кои можат да го откријат нарушувањето, а дијагнозата се поставува на основа на лекарска проценка на однесувањето. Во новата студија, истражувачите ја испитувале хемиската разлика во крвта и урината на 38 аутистични деца и 31 дете кое ја нема таа болест, на возраст од пет до 12 години. Резултатите говорат дека децата со аутизам имале повисоко ниво на оштетен протеин, посебно во крвната плазма, што е поврзано со лошото здравје. Д-р Рабани додава дека следниот чекор е примена на заклучоците од трудот, во други групи.

Извор:Миа