Во последноте децении еден голем проблем ги мачи многуте млади  но и повозрасни жени кои имаат желба да станат мајки.Статистиката кажува дека на овие простори скоро во секој трет брак младите имаат потешкотии да се реализираат како родители.

Моето искуство со оваа проблематика има резултати кои радуваат.Се покажа дека (како често кажувам на моите членови во ЦД диет клубот)не постојат неплодни тс стерилни бракови туку постои стерилна храна која за жал е секојдневие.Со позитивна промена на начинот на живеење, со почитување на природните закони кои опфакаат-здрава исхрана, добар и здрав сон, секојдневно движење,одење во природа,помалку дружба со компјутери и паметни телефони а повеке дружба со позитивни луге, слушање убава музика, секако водење љубов,…Со овие промени ке придонесеме и во намалување на стресот кој честопати е причина за ваквата состојба.

Неплодноста кај жените е конечна исклучиво кога е направена хистеректомија.Сите други причини за неплодност кај жената со позитивните промени во животот се решаваат во догледно време.

Кои се најчестите причини за неплодност кај жените?

Хормоналниот дизбаланс, полицистицни јајници, ендометриоза, непроодни јајоводи, зголемен пролактин, зголемено ниво на инсулин,недостиг на одредени нутритиенти како железо, недостиг на фолна киселина, стресот итн.

Пред да почнете со инвазивни фармаколошки или хируршки интервенции пробајте природно и безболно да го решите проблемот со позитивните промени во секојдневието.Некогаш и да е потребна таква интервенција сепак проследете ја со позитивните промени во животот.

Еве совети кои ке ве водат кон позитивните промени-

ПРОМЕНА НА ЖИВОТНИ НАВИКИ

Вратете го биоритамот во нормала.Потрудете се навреме да си легнувате и наутро да му се радувате на утринското сонце.Сонот мегу 22часот и 02часот  ве полни со мелетонин-хормон кој за жал се помалку го имаме заради пореметениот ред на легнување.Секојдневниот недостиг на овој хормон подразбира и дизбаланс на другите хормони како и намалено ниво на серотонин.Со самото тоа се крати времетраење на плодните денови (лутеалната фаза)па можноста за забременување опага.

Да не заборавиме дека на телото му треба секојдневно движење, секојдневен одмор со слушање убава музика, читање добра книга и секаква друга релаксирачка активност која ке продуцира убави хормони на срека а со тоа се балансираат сите хормони ден за ден.

                                                         Цвета Динева (Сертифициран нутриционист ЦД-Диет Клуб)

Природната храна е еден од главните предуслови за здраво тело и душа и основа на добар хормонален баланс.

Како да се храниме за да го доведеме телото во добар хормонален баланс , за да се исчистат сите клетки во нашето тело, да се воспостави редовен менструален циклус, нормални крвавењаза време циклус, нормална секојдневна столица, да се сопрат алергиските реакции итн.

Многу е важно првенствено да се исклучат од исхраната високо процесуирани храни како брза храна, пици, хамбургери, пржена храна, прости шекери во вид на секакви кекси, чоколади, сладоледи, густи и газирани сокови,лебови и пецива од бело брашно, трансмасти како маргарини и лиснати теста итн.Се подразбира дека секојдневно конзумирање алкохол треба да сеисклучи. 3-4пати во неделата може да се пие добро вино со ручекот или вечерата.За цигарите е јасно дека треба да се збогуваме со нив.Омиленото кафе да се намали до една шољичка на ден и ако се засладува само со мед или стевиа-без млеко.Да не се пијат никакви билкови чаеви, може само плодови чаеви и чај од коприва.Да не се земаат лекарства како антидепресиви, аналгетици и други без консултација со лекар.

Секој ден да се конзумира најмалку 1,5л вода без оглед на временските прилики и на ангажираноста. Секој ден ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се конзумира свежо овошје и зеленчук.

Јадете здрави протеини како од растително потекло(мешунки, јатки, семки, безглутенски житарки).Здрави протеини земаме и преку јадење риба, јајца, понекогаш ако сакате и природно месо здраво приготвено.

Не јадете чадена риба, чадено месо и слично.

Од млечни производи сурутката е број еден, но може умерено да се користи и кисело млеко со нормална масленост и пробиотици.Сите обезмастени кисели млека и јогурти се неприродни.Одбегнувајте сирења и кашкавали во секојдневието(знам дека ни се слабост).Тие навистина многу го закиселуваат телото.

Во моите програми за природна и здрава исхрана воведувам и одредени додатоци(суплементи) во секојдневието кои дополнително ке го стимулираат телото да дојде во добра плодна кондиција.

Наутро да се конзумира една до две супени лажици ленено масло  или зимно време рибино масло(омега3).Да се пијат секое утро живи јајца од препелица(3-5)може и како овошен шеик.

Во тек на денот да се конзумира напиток од какао со додавање на една мала лажичка корен во прав- МАКА (фантастичен стимулатор на сексуалните хормони и кај двата пола).

Во тек на денот да се конзумира и напиток од спирулина со цеден сок(содржи многу нутритиенти мегу кои и јод-кој е од голема важност за работа на тиреоидната жлезда-а со тоа стимулатор на сексуалните хормони.

Во тек на денот да се пие и напиток од органска зелена пченица со цеден сок -јас го викам овој напиток орална инфузија-зголемувач на имунитетот.

Може дополнително  да се пие и фолна киселина,аминокиселина Л аргинин ,Ц витамин.

-Морам да нагласам дека одредена здрава  храна во моментите кога сакаме да го спремиме телото за бременост треба да ја одбегнеме.Тоа е храна која го намалува нивото на естрогените. За жал во оваа храна припага-зелеката, брокула, карфиол, кељ, прокељ и други зелкасти храни.

Храната да не се чува во пластична амбалажа бидејки содржи ксеноестогени и други отрови.Да се одбегнува пиење вода од пластични шишиња.

Почитувајте ги дадените совети и полека но сигурно вашето тело ке биде подготвено за нов живот.