Лубеница или бостан е зеленчук од фамилијата на тикви или cucurbitacea а род citrullus многумина  сметаат дека е овошје,но верувам дека и многумина знаат дека  станува збор за зеленчук.

Лубеница или латински(Citrullus lanatus) се смета за добар диуретик, содржи големо количество на вода до  92 %,малку калории а сепак во себе содржи

  • витамини и тоа од Б групата,витаминот Ц,Б-5 витаминот,фолна киселина,А витамиот,ликопен ) како и од минералите(магнезиум,калиум,калциум,бакар,железо итн)

мошне е корисна и ефикасна во превенција

  • на кардиоваскуларни заболувања
  • како и хронични воспалителни процеси
  • одличен антиоксиданс(спречува различни заболувања)
  • природен прочистувач на телото
  • го спречува појавувањето на брчките,го измазнува и хидрира лицето
  • успшно се справува со акните и проблеми со егзема
  • сите кој имаат проблем со респираторни инфекции вклучувајки ја и асмата ги ублажуваат компликациите
  • корисна е при намален имунитет
  • Сите оние кој имаат проблем со артритис
  • Воспалителните процеси на урогениталниот тракт ке бидат минато со често конзумирање на лубеницата во овој период од годината.

Лубеницата нека  биде ваш пријател во овој период од годината,но не заборавајте да ги зачувате и исушите  семките за  приготвување на чај,тие се исклучително ефикасни за  сите кој имаат проблем со мокрачните патишта т.е воспалителни процеси (цистит,камчиња и песок во бубрезите).

Чај

2 лажици исушени семки од лубеница се варат(5 минути) во пола литар вода,се остава да се олади чајот

Се процедува и се  пие три пати во текот на денот.

Автор:Емилија Спасовска Мојсовска (нутриционист)