Наздравје пост на сите оние кои издржаа 48 дена, оние  кои постеа во  периодот од Прочка до Велигден. Оние кои ја издржаа дури и последната недела од постот, а според верувањата се работи за построга страдална недела  на пост поради деновите на страдања, предаство, распнувањето на крст и погребението на Исус. Потребата од постот е да се ослободиме од сите гревови и зависности на овој свет, да се смириме себе си, да се соживееме со другите, да ги сакаме другите и со нив да делиме се што имаат. Со постењето не се воздржуваваме само од производите од животинско потекло туку е се воспоставува умереност при конзумирање на свежото овошје и зеленчук како и продуктите од цело зрно, тестенините, јаткастите плодови, ориз и други намирници.

Христијанскиот пост не треба да претставува стрес за организмот туку благолов по здравјето.На нашето тело му треба одмор од намирниците кои излобилуваат со масти а кои често нам ни се застапени на трпезата. Она што ќе се почувствува по здравјето е промена и подобрена дигестија на дигестивниот систем и олеснување на целиот организам. Преку редукцијата на храната се регенерира и системот за варење, се чувствуваме посвежо па дури и подмладено. Преку постот се прави целосна детоксикација на телото и сите наталожени штетни материи се отстрануваат. Се регулира крвниот притисок, се намалуваат маснотиите во крвта, Се поттикнува работата на белите дробови, се губат алергиите и се регенерира генерално целото тело.