Доколку сте во процес на планирање на бременост, неколку стручни совети од нашиот тим на доктори околу факторите кои се одговорни за поздрава бремност.

Кога сте подготвени за бременост треба да преземете неколку важни мерки кои би придонеле за поздрава бременост.

Тие мерки се  следниве :

-Распрашајте се дали во вашата фамилија постои генетско наследна болест која би можела да наштети на плодот. Никогаш не значи дека со сигурност ќе се пренесе, меѓутоа ќе треба бременоста да се води попретпазливо, со почести контроли кај гинеколог.

-Доколку пиете контрацептивни пилули, а сакате да останете бремена, престанете со земање и исконсултирајте се со гинеколог.

-Пресметајте денови на оволуција односно плодни денови. Можете да ги пресметате вашите плодни денови и на нашиот веб сајт во делот Ovulation calendar.

-Заедно со Вашиот партнер направете испитувања, во смислол бактерии, вируси и сл.

-Алкохолот и пушењето заземаат процент на намалување на шансите за забременување. Пробајте да ги отстарните од вашиот начин на живот  тој период.

-Стресот е исто така одговорен за лоши ефекти при обид за забременување.

-Опуштете се , не дозволувајте да имате стрес и имајте позитивни мисли.

-Доколку подолго време имате проблеми, односно не можете да забремените , задолжително консултирајте се со гинеколог.

Сведоци сме дека современиот начин на живот ( загадениот воздух, стресот,храната која ја јадеме,алкохолот…) доведува до многу болести и пореметувања во нашиот организам.

Доказ дека сите тие фактори влијаат и на квалитетот на семениот материјал е фактот што машкиот стерилитет споредено со некогаш, сега сè повеќе процентуално расте и скоро се изедначи со женскиот фактор на стерилитет.

Спермограм е резултат од низа анализи на семениот материјал (ејакулат).Овие анализи даваат  информација за способноста на сперматозоидите за оплодување  на  јајните клетки, нивниот број, изглед  и квалитет.

Од извршените анализи  на семениот материјал (ејакулатот) добивате информација за следните параметри: изглед, ликвефикација (втечнување), конзистенција, вискозитет, волумен, мотилитет, аглутинација, морфологија на сперматозоиди, концентрација на сперматозоиди,  вкупен број на спрематозоиди на ејакулатот, како и фотографии од истите.

Тест по Папаниколау или попознат како пап-тест се прави со цел рано откривање на промени на грлото на матката, кои можат да доведат до пoјава на карцином, што значи  редовно правење на пап -тестот е превенција од карцином. Заради превенција се препорачува да се прави на секои 6 месеци. Методот е потполно безболен.

Процедурата е следна :

Со стерилна четкица се зама брис од цервикс( грло на матка ). Се прави размаска на стакленце кое потоа се испраќа на цитолошко испитување.

Цитологија е наука за клетките, со што се подразбира дека патолозите  под микроскоп од размасаката гледаат промени во клетките. Секоја промена во одредена клетка асоцира на одредена специфична дијагноза. Со пап-тестот се дијагностицираат инфекции и промени во клетки, предизвикани од вирусна етиологија, односно ХПВ вирус.

Вируси од типот на ХПВ или бактерии не се Вируси од типот на ХПВ или бактерии не се докажуваат со пап тест,  туку со други испитувања( ХПВ типизација и Микробиолошки испитувања).

Одделот за Гинекологија во МЕДИКА Истанбул е секогаш тука за следење и водење грижа за женското здравје. Тука сме да ви понудиме најквалитетна здравствена услуга, од рутински гинеколошки прегледи, припрема и следење на бременост, едукативни пренатални совети за мајки и млади брачни парови, па се до прегледи и советувања во менопаузата.

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил contact@medicaistanbul.mk

Пишува: Д-р Македонка Наумовска, специјалист по гинекологија и акушерство во МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk