Висок крвен притисок (Хипертензија) или познат уште како артериска хипертензија некаде дури можете да ја прочитате или да ја нарекуваат и Хипертонија.  Се работи за хронична болест при која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради самата состојба (покачување на притисокот) срцето работи со поголем напор кога крвта циркулира низ крвните садови. Систолен и дијастолен – ова се двете вредности на крвниот притисок кои зависат од тоа дали срцето е контрахирано (систола) или релаксирано (дијастола).

За да препознаете кој би бил нормален идеален крвен притисок  е од 100-140 mmHg кај систоличниот (високиот) и 60-90 mmHg кај дијастоличниот (нискиот).  Високиот крвен притисок ќе го препознаете доколку притисокот е постојано 140/90 mmHg или повеќе.

Високиот крвен притисок е главен ризичен фактор за миокардијален инфаркт (срцев удар), Срцева слабост, аневризма на артериите, мозочен удар, аневризма на аортата, периферна артериска болест, и е причина за хронична бубрежна болест.  Хипертензијата ја поврзуваат со скратен животен век. Доколку направите измени во вашиот начин на живот и промени во исхраната можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации. И кај оние кои ќе направат промени во начинот на живот и исхрана а не се подобри крвниот притисок тогаш задолжително е да се употреби медикаментозен третман.

Кога се работи за знаците или симптомите – ретко кога хипертензијата покажува какви било симптоми и обично се идентификува преку скрининг, или кога се бара грижа за некој здравствен проблем (неповрзан).  Претежно луѓето се жалат од главоболка, (посебно во задниот дел на главата посебно во текот на раните утрински часови), како и зашеметеност, вртоглавица   тинитус (ѕвонење или зуење во ушите), промени во видот или несвестица. На физикален преглед, се претпоставува дека постои хипертензија кога има откриено хипертензивна ретинопатија при испитување на оптичкиот фундус во задниот дел на окото со помош на офталмоскопија.

Сериозно покачениот  крвен притисок (еднаков или поголем од – систолен 180 или дијастолен 110, понекогаш се нарекува и малиген) се нарекува „хипертензивна криза“. Крвен притисок повисок од овие граници укажува на висок ризик од компликации. Луѓето  со крвен притисок во овие граници  би можеле да немаат никакви симптоми, но се со поголема веројатност да пријават главоболки (22% од случаите)  и вртоглавица од општата популација.