Во носот кај хроничните заболувања и иритации или подолга изложеност на алергени може да се појават и полипи. Тие се бенигни, безболни, меки и гроздовидни кои ги исполнуваат носните шуплини од една или од двете страни.

Болеста е релативно честа со тенденција за зголемена инциденца во корелација со зголемениот процент на заболени од алергии.

Полипите се појавуваат било каде во носот и синусите. Малите полипи не предизвикуваат некакви потешкотии и може и подолго време пациентот да чувствува само лесен дискомфорт во дишењето на нос.

Големите полипи пак во зависност од тоа дали делимично или во целост ги исполнуваат носните ходници прават големи потешкотии во дишењето на нос. Понекогаш тоа дишење е речиси невозможно. Ако е зафатена само едната страна тогаш дишењето би се одвивало полесно но ако се двете страни и речиси е невозможно дишење на нос, тие  претставуваат голема опасност од појава на потешкотии понатаму не само во квалитетот на живеење туку и органски пореметувања. Осетот за мирис би можело да го снема.

Најчести симптоми се: засилена носна секреција и кивање во интервали (многупати во краток интервал), постојана затнатост на носот, слевање на секрет во грлото тн. Постринореа, губење на чуството за мирис, главоболка и тежина во лицето, хрчење при спиење.
Дијагностицирањето на носната полипоза е лесна врз основа на анамнестичките податоци, предна риноскопија и ендоскопски преглед за по претсизна дијагноза.

Доколку е потребно се прави компјутеризирана томографија на параназалните синуси во две проекции, алерготестови задолжително за докажување присуство на алерген,  имајки во предвид податокот дека голем процент од полипите се како последица токму на алергија.
Лекувањето вклучува на почеток користење на назални локални топински корикостероидни спрејови кои се аплицираат секојдневно и подолг период во носот и доведуваат до намалување на полипите и ослободување на дишниот пат.
Антихистаминици преку уста и по индикација краткотрајни сеанси на инхалации…

Кога медикаментозниот третман не помага се препорачува FEES – Функционална Ендоскопска Синусна Хирургија која ендоназално преку носот се ендоскопира со специјални инструменти полипите се отстрануваат по хируршки пат.

 Прим.Д-р.Мери Александрова (специјалист по уво,грло и нос)

контакт: info@drmeri.mk