Што претставува седиментацијата и кои се нејзините нормални вредности?
Седиментација е брзина на таложење на еритроцити.Откако ќе се земе крв во епрувета која содржи антикоагуланс,епруветата се поставува вертикално.Еритроцитите постепено ќе почнат да се таложат на дното од епруветата.Брзината со која се таложат еритроцитите е пропорционална со реакцијата на телото на повреда или болест.
Нормална вредност на седиментација не ја исклучува можноста за постоење на болест,но забрзана седиментација е индикатор за понатамошни испитувања.
Нормална вредност за седиментација е 2-12 mm/h.

Покачени вредности на седиментација се јавуваат кај воспаленија,труења,во бременост, по породување, кај ТВС, ревматски заболувања, акутен инфаркт на миокард, нефроза, сите видови на шок, кај постоперативни состојби, умори, аболувања на црниот дроб, менструација.
Намалени вредности се јавуваат кај новороденчиња, полицитемија, конгестивна срцева инсуфициенција, алергиски состојби,поедини видови на анемија.
Во болницата МЕДИКА Истанбул Тетово, дијагностичко-биохемиската лабораторија е опремена со најсовремена и најсофистицирана опрема и апаратура. Сите анализи и испитувања се вршат, брзо, прецизно и точно, благодарение на нашиот стручен тим од специјалисти.
Пишува: Д-р Александра Георгиевска,специјалист по медицинска биохемија во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово


