ТАХИКАРДИЈА (ПРИЧИНИ,СИМПТОМИ И ТРЕТМАН)
Тахикардија – представува забрзување на срцето или зголемување на срцевиот ритам над физиолошката граница.Здраво срце кај возрасните луѓе, обично отчукува 65 до 85 пати во минута, кај спортистите има намален број на отчукувања околу 50-60 во минута, а кај децата , особено новороденчиња , бројот на отчукувања во минута е околу 100. Доколу според возрасната група бројот на отчукувања се зголеми( на пример кај возрасни над 100 во минута ) станува збор за тахикардија. Кога станува збор за појава на тахикардија при зголемен физички напор, возбудување, страв или стрес најчесто не е потребен медикаментозен третман. Доволен е одмор, релаксација на телото, добар сон , или само престанок на физичката работа во моментот.
Причини за тахикардија – Стрес, ненадеен шок или страв-Зголемена телесна температура-Инфекции ( бактериски или вирусни)-Анемија-Анксиозност-Зголемена активност на тироидната жлезда-Слабост и вирусно воспаление на срцето-Акутна состојба на намален проток на крв во срцето, обилно крварење, стеснување на крвните садови-Миокарден инфаркт, покачен нерегулиран крвен притисок
Симптоми на тахикардија– Забрзано срцебиење-Болка во градите (ангина пекторис)-Чувство на недостаток на воздух-Ненадејна слабост-Вртоглавица или несвест-Краток здив-Зашеметеност-Низок крвен притисок-Срцебиење – непријатно чувство на несоодветно и / или принудно чукање на срцето
Видови на тахикардија
Во зависност од местото на потекло, разликуваме три типа на тахикардија:
1. Синусната тахикардија е зголемување на срцевиот ритам над 100 отчукувањаминути, кои постепено се појавуваат и запираат, а најчесто се јавува поради физички напор,зголемена телесна температура, анемија, намалена концентрација на кислород во крвта,ментална напнатост, нарушена работа на тироидната жлезда и прекумерно внесување на алкохол, кофеин или никотин. Се јавува и кај срцева слабост или тешки болести на белите дробови.
2,Вентрикуларната тахикардија потекнува од срцевата комора и може да биде опасна за животот поради појава на вентрикуларна фибрилација со отчукувања и до 200/мин, која мора да се третира соодветно во болнички услови поради можните компликации од витално значење. Во акутни услови, терапијата се базира на антиаритмици, а понекогаш пациентот се воведува во краткотрајна интравенска анестезија и се изведува електрична конверзија на ритамот .
3.Суправентрикуларна тахикардија е забрзана срцева фрекфенција, каде импулсите се водени од горните срцеви шуплини односно преткоморите. Се манифестира брзо, со ритам кој е карактеристичен со ненадејно започнување и завршување. Бројот на отчукувања е генерално помеѓу 150 и 220 во минута.Сепак, кај здрави субјекти, суправентрикуларната тахикардија обично не е опасна, поминува спонтано и најчесто станува збор за пароксизмална суправентрикуларна тахикардија.Поради ненадејната појава на овој забрзан ритам , симптомите може да бидат многу непријатни (горушица, вкочанетост, несвесност).Често алкохолот, кафето или едноставно возбуда може да предизвикаат овој ритам вознемиреност.Како терапија се користат медикаменти антиаритмици, но ако пациентот во акутен напад не реагира на терапија, се променува ритмичката конверзија.
Третман на тахикардијаВо тахикардија, третманот е потребен под надзор на лекар, кој ќе ги одреди причините и соодветно ги лекува. Сепак, постојат одредени методи за самопомош што можат пациентите сами да ги применат додека не се обезбеди стручна помош. Пулсот најлесно ќе се забави ако го задржите здивот некое време (релаксирачка техника на дишење), пијте чаша ладна вода. Покрај тоа, промена на положбата на телото заедно со техниката на дишење дава позитивни резултати. Намалувањето на цигарите, алкохолот, чајот и кафето на извесно време , исто така дава добри резултати. Начинот на исхрана е битен фактор во појава на тахикардија. Доколу храната се конзумира брзо, без правилно џвакање на истата, предизвикува отежнато варење во органите за варење на храната, појава на гасови воо стомакот кои механички ја притскаат дијафрагмата и при одредена полочба ( легната на пр.) се јавува тахикардија. Медикаментозниот третман се врши од страна на спец.интернист –кардиолог со антиаритмици или Бета –бликатори, следење на состојбата и евентуален дополнителен третман како што беше спомнато предходно , при итни случаи кардиоверзија , а при хронични пристапи на тахикардии и примена на електрофизиолошки третмани кои се изведуваат исклучително во кардиолошки установи со предходно утвредна дијагноза и индикација за таков третман.
Др. Сузана Мијовска (Спец. Интернист. Промедика Медикал ЦентарСкопје)



