Мозочен удар или инфаркт,  настанува кога дотокот на крв во мозокот е прекинат, или значително намален. Настанува како резултат на неможноста на мозочното ткиво да се нахрани со кислород и останати хранливи материи. После мозочниот удар за неколку минути мозочните ќелии почнуваат да умираат.

Мозочниот удар може да биде:

  • Исхемиски- настанува како резултат на недоволен прилив на крв во мозокот.
  • Хеморагиски – настанува како резултат на руптура на крвен сад во мозокот при што се излева крв
  • Транзиторен

Најчест е исхемичниот мозочен удар.

Ризик-фактори за појава на мозочен удар се:  пореметена срцева работа, шеќерна болест, пушење, дебелина и физичка неактивност, хиперлипидемија, стрес…

Пишува: Д-р Билјана Божиновска, Специјалист по радиодијагностика и Медицински директор во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

 

Симптомите  се:  пореметени движења на едната страна од телото, одземеност на рацете или нозете, пореметен допир, трнење на едната страна на лицето и телото, губење на координација и неможност за одење, неразбирлив и пореметен говор.

Обичната главоболка не секогаш е така наивна. Неретко е предизвикана од помали или поголеми инфаркти, кои може да донесат до трајни последици по животот и здравјето на човекот.

Акутниот инфаркт кој настанува во првите неколку часа е многу тешко да се детектира со било какво снимање. Обично се детектира после одреден период, кога веќе дошло до предизвикани последици.

Во нашата болница МЕДИКА Истанбул Тетово,  со помош на магнетна резонанца на мозок и со специјлна секвенца DWI, имаме можност за детектирање на инфаркт и во првите часови . Ова е од значителна важност во поставување на брза дијагноза и терапија, односно со навремена антикоагулантна терапија може значително или целосно да се повлечат симптомите без да остават трајни последици.

Не чекајте!

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk

mail: biljana.bozinovska@medicaistanbul.mk