ЗДРАВО ЖЕЛЕ ОД АГАР – АГАР
Нашиот соработник Љупче Бубе Трајчев како што и вети, секоја среда ќе ни дава предлози за здрави вкусни рецепти. Предлогот за денеска е десерт кој нема да ви одземе многу време а ќе направите нешто што ќе ги разбуди сите ваши сетила за вкус. Ќе направи да уживате во уникатноста и ќе ве натера постојано да го приготвувате, особено на вашите најмлади.
Начин на подготовка:
– Потребно е да земете 100-150 гр. боровница , ја варите во 300 мл. вода и 100 мл. маџун околу 10 минути. Во смесата додавате една лажичка Агар-агар и варите уште пет минути со мешање. Топлата смеса ја ставате во калапи по избор и оставате 30 минути да се излади. И потоа уживајте во извонредниот вкус. Наздравје!!!

Што е Агар-агар?
Агар е желатинозна супстанца , добиена од црвени алги, откриена во 1658 од страна на Миноја Тароземон од Јапонија, каде што агарот се нарекува кантен .
Агарот е изведен од полисахариди агароза , која ја формира потпорната конструкција во клеточните ѕидови на одредени видови алги, и која се ослободува при вриење. Овие алги се познати како agarophytes и припаѓаат на Rhodophyta (црвена алги) phylum. Агар е всушност резултат на мешавина од две компоненти: линеарни полисахариди агароза , и хетерогена мешавина на помали молекули наречени агаропектин.
Во текот на историјата во модерните времиња, агарот главно се користи како состојка во десерти низ Азија , а исто така како солидна подлога за раст и развој на микроорганизмите. Агарот ( агар -агар ) може да се користи како лаксатив , аперитив , замена за желатин, згуснувач за супи, конзервирање плодови , правење сладолед, и други десерти, ,во текстилната индустрија и во индустријата за изработка на хартија.


