Здравствениот Билтен е позитивен, сите играчи се максимално подготвени-Димитар Маневски
Македонската ракометна репрезентација во моментов е во Загреб. И овој пат имаме големи очекувања од нашите ракометни лавови кои ќе се потрудат да се изборат над своите противници. Првиот ривал на црвено –жолтите на 13-то Европско првенство во ракомет е Словенија. За составот, слекторот и играчите изминативе денови бевме детално информирани. Решивме за овој значаен настан да ви дадеме детали за физичката и психичката подготвеност кај играчите, да дознаеме за нивите кондициони подготовки, да добиеме детали за здравствената состојба на секој од нив. Метаболизам.мк го контактираше Димитар Маневски член на медицинскиот тим на машката ракометна репрезентација. Димитар заедно со своите колеги Џоко Божиновски, Д-р. Александра Димова и Тошо Ристовски се задолжени за тековните физиотерапевтски работи, превенција и санирање на повредите кај играчите. Непосредно пред првиот и голем натпревар прочитајте го кусото интервју со Димитар.
Медицинскиот тим на машката ракометна федерација
Димитар вие сте дел од медицинскиот тим кој во моментов е во Хрватска на Европско и се грижите за нашите момци од македонската машка ракометна репрезентација, непосреднот пред денешниот натпревар каков е амбиентот таму?
- Во Загреб организацијата е на многу високо ниво, сите што се во организацијата инволвирани се беспрекорни во својата задача. Сите репрезентации кои се во нашата група престојуваат во ист хотел со нас, во мегусебните разговори се чувствува дека сите со нетрпение очекуваат да излезат на терен. Се чувствуваа онаа натпреварувачка позитивна нервоза, напнатост. Искрено играчите мегусебно и се познаваат бидејки поголемиот дел од нив играле или играат заедно за некои клубови, тоа познатство прави еден позитивен амбиент. Среќен сум што гледам голем број на македонски навивачи овде во Загреб што скоро на секое место може да видам наше знаме, постојано се сликаат и ги бодрат нашите играчи.
Каква е здравствената и психо-физичката состојба на нашите ракометари?
- Здравствениот билтен е позитивен, сите играчи се подготвени максимално да ги извршат зададените задачи поставени од страна на селекторот. Успеавме да санираме некои повреди, а што ќе следува и како ќе биде текот на првенството ќе видиме. Се надевам ние да немаме многу работа околу тоа J
Дали има некои повредени? Или некој за кој посебно се грижите?
- Сега за сега немаме повредени играчи и дај боже така и да остане. За време на припремниот период имавме сериозна повреда дистрозија на скочен зглоб кај Немања Прибак но како и сите останати играчи ќе биде на располагање.

Како што кажавме вие сте член на медицинскиот тим кои се вашите обврски? Колква и кава е вашата задача (одговорност)?
- Одговорноста и задачата на медицинскиот тим е од голема важност како за решавање на тековни физиотерапевтски работи, така и во превенција и санирање на повредите кај играчите. Постојано сме во трка со времето да успееме што побрзо, подобро и поквалитетно да успееме да спречиме или санираме некоја повреда кај играчите. Точно да ги утврдиме индивидуалните кинезитерапевски вежби за превенција кај спортистите, да направиме правилана рехабилитација, или рекуперација од напорните тренинзи како и од натпреварите. Можам со задоволство да изјавам дека навистина ракометната федерација на чело со претседателот Мукаетов се погрижија играчите да имаат се што им е потребно за едно Европско првенство за едн ваков турнирски систем.
Што значи карантин за играчите и за медицинскиот тим?
- Карантинот значи тотална изолираност на играчите, сите се заедно се договараат задачите кои треба да ги извршат за натпреварот кој им следи. Се припрема тактиката и начинот на кој се изведуваат зададените обврски на терен, едноставно 24 часа изолација се со цел што подобрао физички и психички да се припремат за тоа што ги очекува.
Темпото на натпреварите се одвива за кус времески интервал едно по друго, за кус временски период ракометарите ќе треба да се рехабилитираат, совземат, одморат и смогнат сили ракометарите . Што се правите до следниот натпревар?
- Турнирскиот систем за разлика од натпреварувачката сезона има многу разлика, мора побрзо да се делува и нема простор за грешки. Времето за рекуперација од еден до друг натпревар е многу мал, во голема мера ќе зависи од тоа како во подготвителниот период сме работеле сите заедно со стручниот штаб. Пред се тука мислам на физичката и психичката подготвеност кај самите играчи, како ние сме ги санирале уморот кај нив во текот на подготвителниот период, како сме ги вршеле рекуперациите од пријателските натпревари, како сме ја третирале рехабилитацијата кај спортските повреди, многу фактори тука влијаат. А за времето што ни преостанува од еден до друг натпревар тоа е брза рекуперација чии детали нема да ги откривам нека остане мала тајна.
За крај која е вашата порака за читателите на метаболизам.мк?
- Работете тоа што го сакате, само така ќе бидете среќни во работата и ќе постигнувате успеси!



