ВКУСЕН ЛЕБ КОЈ НЕ ДЕБЕЛЕЕ
Здрави рецепти
Денес сите се плашат од глутен,вишок килограми, дебелина, дијабетес и други зла на денешницата. Нашата препорака е да ги надминете сите ваши стравови и храбро да се препуштите на здравиот начин на живот, пред се на здравата исхрана. Ви предлагаме одличен здрав и вкусен леб кој пред се не дебелее!!! Нема да ви треба брашно.

Ви треба:
– 4 јајца,
– 100 ml вода,
– 90 грама ореви,
– 90 грама лененово семе,
– 90 грама семки од сончоглед,
– 90 грама семе од сусам,
– 90 грама семки од тиква ,
– малку сол,
– половина од кесичка сода бикарбона
Изматете ги јајцата и додадете ја содата и водата, потоа сомелете ги сите семиња (направете ги ко брашно) и со нив замесете го лебот. Печете 50 минути на 180 степени. Уживајте во одличниот вкус!
Извор:Стил


