ВНИМАТЕЛНО СО МЕДОТ!
За лековитата моќ на медот досега сме прочитале и многу студии и различни ставови на нутриционистите и докторите. Денеска екипата на метаболизам ќе ве потсети дека медот треба многу внимателно да се конзумира а не во неограничени количини како што велат. Доколку се претера со конзумирањето на медот тој може да му наштети на вашето здравје!

Нашиот организам, сето она што ќе го внесеме го разградува во глукоза, и ја користи како гориво. На организмот му треба време за да ја разгради покомплексната храна од типот на добрите јаглехидрати. Добро ни е познато дека шеќерот во својот состав има 50 проценти глукоза и 50 проценти фруктоза, шеќери кои и би ги пронашле и во овошјето. Лесно е разградлив обичниот шеќер, со тоа и нивото на глукозата во крвта брзо се зголемува. И она што организмот нема да го обработи и искористи во тој миг, автоматски ќе се складира во телото како масти. И доколку не сте знаеле да ви кажеме дека медот има повеќе калории од шеќерот. Како податок ви даваме дека во една мала лажичка мед (пластична лажичка секако), се сретнуваат 25 калории, додека во истата лажичка ставите иста количина на жеќер ќе се сретнат само 16 калории.
Наш совет: Бидете претпазливи со количината на конзумирање на мед, најздраво е наутро со една шоља топол до млак чај, да ставите малку лимон,и да засладите со лажичка мед.



