Здравјето за време на обилните празнични трпези !!!
Пред се сакам да ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден.Сите ги чекаме овие празници со радост во душата.Завршува седумнеделниот строг пост во кој не се конзумира храна од животинско потекло, не се конзумира алкохол, и од понеделник до петок не се конзумираше ниту масло.Јас го постев целиот пост без масло од понеделник до петок, и дефинитивно се чувствувам многу лесно, смирено, многу енергично, накусо кажано -се чувствувам здраво.Навистина и на овој пост ми се потврди дека храната од растително потекло е исконски потребна за нашето здравје.
Сега следува свечена Велигденска софра на која Велигденските јајца се најавтентичната храна, а тука е и јагнешкото печење, јагнешката чорба, дроб сарма,кифлици, пити, милибродот,..и што ли не ,но и алкохолните пијалоци како ракиичка, пиво, вина итн.
Сите сакаме да уживаме во празничните денови , да се дружиме, да се опуштиме, а за да уживаме треба да внимаваме да не се прејадуваме, да не пиеме премногу алкохол. Затоа сакам да ви споделам неколку совети поврзани со начинот на исхрана за време на овие празнични денови.
Започнете го денот со чаша вода и цеден лимон .До пладне изедете неколку свежи овошја-јаболки, мандарини, портокали и слично.Околу 12часот уживајте во свежа салата -марула, ротквици, младо кромитче и Велигденските јајца(2-3).
Цвета Динева (сертифициран нутриционист- ЦД Диет клуб)
За ручек јадете го печењето, супата но и многу свежа салата со млади кромитчиња. Кромитчињата ке помагаат во метаболизирање на маснотиите од месото. Мој совет е како прилог кон печењето е да се јаде лесен зеленчук како обарени карфиол, брокула, тиквици,печурки и слично, а да се одбегне оризот и компирот. Ако месото се искомбинира со компирот или оризот (како што вообичаено практикуваме) тогаш храната во желудник останува над 4-5 часа и доага до надуеност, подригнувања и дисконфорт, и нема уживање , нема опуштеност . Црвеното вино би била вистинската пијачка со овој ручек-но без претерување. Десертот нека почека барем два часа после ручекот за да почекаме да се подиспразни желудникот.
Ако сакате да си вечерате нека биде тоа само свежа салата (може и едно Велигденско јајце во неа). Можеби и чинија топла супа.
Пред спиење би било добро да се напиете чај од кантарион со прстофат гумбир.Овој чај ке ни помогне да се смири желудникот и да се има добар сон.
Празниците се и време на дружење, опуштање, и затоа да уживаме во убавата домашно приготвена храна, убаво комбинирана, а не во прејадувањето и претерувањето во пиење алкохол, цигарите итн.
Честити Велигденски празници Ви посакувам од срце!


