КАКО ДА РАСТЕ ЗДРАВО И СИЛНО ВАШЕТО ДЕТЕ!!!
Дајте им на вашите деца основа за градење здрав начин на живот преку учење за важноста на добрата исхрана и редовната визичка активност. Правилната исхрана и секојдневната физичка активност се клучни за здравјето и благосостојбата на вашето дете.
Конзумирањето премногу калорична храна и отсуство на физичка активност може да доведе до прекумерна телесна тежина кај децата, а не изостануваат и психичките проблеми. Дијагностицирани се и висок крвен притисок и дијабет тип 2 кај оваа возрасна група.
Родителите играат важна улога во помагање на децта, тие се оние кои ги учат децта на здрави и прави навики, и секако се пример за спроведување на истите.
Препорачливо :
Пијалоци
100% овошни и зеленчукови сокови без додаток на засладувачи
Вода без никакви додатоци, како засладувачи или ароми
Растителни домашни чаеви
Овошје и зеленчук
Препорачливо
Различни видови овошје и зеленчук треба да бидат понудени во комбинација со секој оброк, како свежо или замрзнато овошје и зеленчук, предноста е секако на свежото, разни домашни компоти, суво овошје.
Овошјето треба да биде замена за другите слатки намирници од кои децата имаат повеќе штета отколку корист. Навиката за јадење овошје треба да биде стекната уште од најрана возраст. Овошјето изобилува со многубројни витамини, минерали, антиоксиданси кои се од неопходно значење за здравјето на детето.
- Повеќето видови овошје содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол.
- Овошјето е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина и витамин Ц.
- Исхраната богата со калиум може да помогне во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Овошни извори на калиум се бананите, сувите сливи, сувите праски и кајсии, дињата и сокот од портокал.
- Диеталните влакна од овошјето, како дел од здравиот режим на исхрана, помагаат во намалувањето холестеролот во крвта, а исто така, можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Влакната се важни за правилната работа на цревата. Помагаат во намалувањето на констипацијата (запекот) и превентивата од појава на хемороиди. Целите овошки се извори на влакна, додека цедените овошни сокови содржат многу малку влакна или воопшто не содржат.
- Фолната киселина помага во формирањето на црвените крвни зрнца. Жените кои би можеле да затруднат и оние во првото тромесечие на бременост треба д конзумираат соодветна количина фолна киселина од храна која природно содржи фолна киселина или од суплементи. Ова го намалува ризикот од развој на аномалии кај фетусот.
- Витаминот Ц помага во зараснувањето на раните и ги одржува здрави забите и непцата. Исто така, овој витамин ја помага апсорпцијата на железото.
Билјана Ристеска (нутриционист)
Совети за деца:
- Дајте им добар пример на децата со тоа што ќе јадете овошје секој ден.
- Овозможете им на децата да можат да изберат какво овошје сакаат да јадат.
- Во зависност од возраста, децата може да помагаат при купувањето, чистењето, лупењето или сечкањето на овошјето.
- Додека пазарувате, дозволете им на децата да одберат некое ново овошје кое ќе го пробат дома подоцна.
- Понудете им интересно декорирани чинии со парченца различно овошје.
- Понудете им суво грозје или друго суво овошје наместо бонбони.
- Подгответе им свежо исцеден сок за да понесат со себе кога излегуваат од дома наместо засладени пијалоци.
Зеленчук
- Повеќето видови зеленчук содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол.
- Зеленчукот е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина, витамин А, витамин Е и витамин Ц.
- Исхраната богата со калиум може да помогне во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Зеленчукот кој е богат извор на калиум вклучува компири, домати, грав, грашок, боранија, соја, леќа, зимска тиква, спанаќ и др.
- Диеталните влакна од зеленчукот, како дел од здравиот режим на исхрана, помагаат во намалувањето на крвниот притисок, а исто така, можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Влакната се важни за правилната работа на цревата. Помагаат во намалувањето на констипацијата (запекот) и превентивата од појава на хемороиди.
- Фолната киселина помага во формирањето на црвените крвни зрнца. Жените кои би можеле да затруднат и оние во првото тромесечие на бременост треба д конзумираат соодветна количина фолна киселина од храна која природно содржи фолна киселина или од суплементи. Ова го намалува ризикот од развој на аномалии кај фетусот.
- Витаминот А ги одржува очите и кожата здрави и помага во заштитата од инфекции.
- Витаминот Е ги заштитува витаминот А и есенцијалните масни киселини од келиска оксидација.
- Витаминот Ц помага во зараснувањето на раните и ги одржува здрави забите и непцата. Исто така, овој витамин ја помага апсорпцијата на железото
Месо и риба
Предноста секако е на рибата, бидјќи месото кое денес се пласира на нашитe пазари ни оддалеку не е она што било некогаш. По дефиниција ДА, месото е добар извор на протеини, одредени витамини и хтранливи материи, но во пракса тоа не е така. Се повеќе и повеќе случаеви на контаминирано и нездраво месо на нашето поднебје.
Додека пак рибата треба да биде застапена најмалку два пати неделно во детската исхрана.
Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот.
Наведуваме некои важни состојки во рибиното месо: бакар, белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк.
Житарки
Со милениуми луѓето ги јаделе зрната од житарките директно од дршката. Тоа значи дека добивале пакет јаглени хидрати богати со растителни влакна, здрави масти, витамини, минерали, растителни ензими, хормони и стотици други фитохемикалии. Дури потоа сме научиле како да ги мелеме житарките. Целите зрна имаат влакнести надворешни слоеви што ја заштитуваат внатрешноста на јадрото. Таа обезбедува складирана енергија за никулците што се богати со витамини, минерали и незаситени масла. Оттаму поаѓаат голем дел од истражувањата за благотворните својства на целозрнестите житарки..Токму поради тоа и се препорачуваат во детската исхрана.
Најдобрите десет намирници кои нутриционистите ги препорачуваат за децата од оваа возраст се:
СПАНАЌ – овој зеленчук е вистинска витаминско минерална бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот и калциум кој е најпотребен за раст на коските и добро здравје на забите.
ЈОГУРТ – во себе содржи активни бактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.
ЖИТАРКИ – овие намирници брзо го снабдуваат организмот со енергија. Богати се со витамини, минерали, лесносварливи белковини и минимална количина на масти. Содржат и бета глукагон кој го намалува нивото на шеќер во крвта.
ТИКВА- содржи многу каротин и аскорбинска киселина и добра е да се конзумира за јакнење на имуниот систем и за добро варење.
РИБА – добар извор на протеини, незаситени масни киселини, комплекс од Б витамини, јод, неопходна за детската исхрана
ГРАШАК – содржи многу белковини, растителни влакна, Б витамини, фолна киселина и минимална количина на масти. Сиѕе корисни материи на грашакот ги содржи и мешунката на младиот грашак.
ЈАБОЛКО – важна ужинка која мора да се јаде во било каков облик.
БРОКУЛА – Богата е со витамин Ц, каротин и хранливи влакна, а содржи и материја која го зголемува нивото на белковините и ги уништува слободните радикали.
ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ – храна за мозокот, за добро помнење и концентрација, за добра работа на срцето и крвните садови
МЕД – медот е многу погодна храна за деца. Има антибактериско и антивирусно дејство.
Медот претставува храна која најмногу одговара на физиолошките потреби на човековиот организам, а најмногу на детскиот. Неговите лековити својства го прават многу пати да се користи не само како храна туку и како лек.
Не се препорачува:
Тетрапак сокови, спортски/енергетски напитоци, слатки пијалоци од овошје со додадени засладувачи кои содржат помалку од 100% вистински овошен сок, газирани пијалоци, засладени ледени чаеви, пудинзи, индустриски добиени слатки и торти, додадени масти, шеќери, конзервирана храна, сувомеснати производи, мајонези и сосови од истите, пржена храна, инстант храна, едноставно кажано се што има рок на траење повеќе од 5 дена не е препорачливо за конзумирање од страна на децата.
Здравиот избор започнува од вас!
- Помогнете им на вашите деца да развијат здрави навики во исхраната уште од најмала возраст. Со тоа помагате во нивното здраво, силно и енергично растење.
- Поставете пример за активен живот преку заеднички физички активности
- Пласирајте здрави намирници, користете ги истите, тоа ќе го направат и вашите деца.


