НЕПЛОДНОСТ -ПРОБЛЕМ НА МНОГУ БРАЧНИ ПАРОВИ
Чешање, чуден исцедок, неспецифична испакнатина на гениталиите, крварење без мензис, сувост, болка при секс се само дел од симптомите од долгата низа со кои се соочуваат голем број на жени, затоа од посебна важност се честите гинеколошки прегледи. Се што навреме ќе се открие, спречи и лекува е од посебно значење. За најчестите гинеколошки проблеми со кои се соочуваат жените, за причините за неплодноста кај жената и кај мажот, како и за неопходните испитувања кои треба да ги направат брачните парови кои се обидуваат повеќе од една година да забременат зборуваме со Доц. д-р.Зоран Петановски шеф на Центарот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација – ИВФ во Ре-Медика Скопје
Кои се најчестите гинеколошки проблеми со кои се соочуваат жените?
Генерално гинеколошките проблеми можат да се поделат во неколку групи. Тука се инфекциите како најчеста патологија, потоа проблемите на туморите чиј раст ја пореметува и функцијата на околните органи како бешиката, дебелото црево со појава на симптоми како болка, често мокрење, проблеми со столицата. Ова не се симптоми кои се строго поврзани со појавата на туморите на внатрешните генитални органи но секогаш при преглед треба да се исклучи гинеколошко потекло на истите. За жал понекогаш туморите и нивниот раст е асимптоматски се до точката кога малигнизираат и затоа е потребно ситематски преглед на женските генитални органи и дојката како орган кој е двонасочно повразан со јајниците . Впрочем превентивната контрола над женските генитални органи треба да започне уште во детството и појавата на првата менструација. Ние не сме општество каде младатата девојка лесно се одлучува за посета на гинеколог, така да првата обсервација на можните проблеми останува на семејството. Затоа мајките треба внимателно да го следат растот и развојот на своето дете поготово околу десеттата година па натаму. Појава на болки и каснење на првиот циклус може да значи и вродена аномалија на анатомскиот пат како пример. Спротивно на горе наведеното обилните крварења за време и после ментруацијата треба озбилно да се сфатат бидејќи на нив се накалемува слабокрвноста која ја компромитира и функцијата на другите органи. Во овој период младата индивидуа има потреба од надзор и внимание , објаснување на една нова состојба од нејзиониот живот која покрај физиолошкиот носи и емоционален раст и промена. Затоа сметам дека советодавната улога на гинекошката служба треба да се подигне на пофрекфрентно ниво. Во овој период достапна ни е метода која заштитува од појавата на карцином на грлото на матката а тоа е вакцината против хуман папилома вирусот, како еден од најсилните фактори за појава на истиот. Со почетокот на сексуалниот живот младата индивидуа потребно е да го направи и првиот гинеколоши преглед каде ќе се земе малку материјал за така наречениот ПАП тест односно цитолошко испитување, потоа микробиолошки брисеви и вагиналне преглед со ултразвук. Цела оваа процедура не трае подќе од 5 минути за кое време вие имате комплетен преглед на анатомијата на женските генитални органи. Во продолжение треба да се дадат совети како младата индивудуа да се заштити од несаканата бременост но и од евентуалните сексуално пренослви инфекции. Кога веќе дојдовме до инфекциите најчеста инфекција која има репрекусии по реродуктивниот потенцијал на жената е хламидијата. Инфекцијата со хламидија најчесто е инапарентна, но таргет орган на истата се јајоводите и таа е една од најчестите причини за затворање на истите и појавата на антомскиот серилитет. Гинекологијата со новата технологија може и мора да ја препознае одредената патологија пред истата да влезе во малигнитет . Значи еден ПАП, колпоскопија, преглед и вагинален ултразвук се есенцијални скрининг методи во откривањето на патологијата на ватарешните генитални органи.

Неплодноста не е само проблем со кој се соочуваат жените таа може да претставува и проблем кај мажот?
Дефиницијата на неплодноста е кога еден пар има слободни , незаштитени сексуални односи во време траење од 1 година а не доаѓа до бременост.Во минатото оваа граница беше на две години, но со оглед дека паровите се покасно се одлучуваат за дете во покасни години така и границата сега е на една година. Кога зборувам за покасна одлука сакам да изнесам еден факт кој вели дека кај жената после 35 – тата година од животот започнува пад на фертилниот потенцијал, а над 40 та доаѓа до нагол пад на тој потенцијал заради намлениот квантитет но и квалитет на јајните клетки. Кај машкиот фактор с ликата е поинаква. Имено кај мажите квалитетот на семнескиот материјал за почнува да паѓа некаде оклу 3о – тата година од животот но не со такаво темпо и држи одреден квалитет и во покасната возраст што не е слуачај кај жената. Медицината и тука прави одредено прилагодување кон новите навики, така да се отвара можност и ние веќе правиме замрзнување на сопствени јајни клекти кај млади жени кои подоцна кога ќе решат на створат фамилија ако се во понапредната возраст само ќе ги одмрзнат истите и по пат на вонтеленсо оплдување ќе имаат свое поколение. Во поглед на поделабата на неплодноста може да биде женски фактор и тоа анатомски коа се обтурирани јајоводите односно е запрен патот на гаметите и фукнционална коа нема иделана хармонија во функцијата на репродуктивните хормони. Машкиот стерелитет пак е во силен пораст и тоа е одраз на сегашниот начин на живеење полн со стрес , зрачење, неправилна исхрана и така натаму. Стерилитеот може да биде и од двата фактои и машкиот и женскиот. Интересен е еден вид на стерилитет каде сите испитувања на парот се уредни а сепак нема резултат во напорот да се дојде до бременост. Тоа е таканаречениот идиопатски стерилитет или необјаснив стерилтет. Овој растсечки тип на стерилитет за жал повоторно е резултат на сегашниот стил на живот, лошите животни навики како пушењето, прекумерното козумирање поготово на неквалитетна храна. Одговорот на нашиот организам е во покренувањето на имуниот ситем, кој е како одбрамбен штит но во одредени состојби и пречка за настанување на бременост

Какви се испитувања треба да се направат ?
Во поглед на ипситувањата на репродуктивниот потенцијал кај одреден пар , кај машкиот фактор истите се прилично едноставни. Се прави спермограм, односно се остава примерок на семенски материјал после одредени денови кои се пропишани со протоколот на лабараторијата. Истиот се анлизира и тоа од аспкет на физичките карактеристики, концентрацијата, патологијата на самите саперматозоиди и подвижноста на сперматозоидите. Во поглед на концентрацијата во еден кубен сантиметар се прави и подлебата на машката неплодност. Ако е конецтрацијата на 10 милиони сперматозоиди во еден кубен сантиметар се работи за нормозооспермија, под ова ниво е Олигоспермија, а ако не се најдат сперматозоиди Азооспермија. Последнава состојба е кандидат за биопсија на тестисите со која се бараат сперматозоиди кои подоцна ке се употребат во процесот на ин витро фертилизација одоносно оплодување со еден сперматозоид. Оваа метода внесе револуција во овој тип на неплодност, односно порано беше незамисливо ваквите случаи да имаат свое потмство а сега тоа е рутинска пракса. За жал одреден број на пациенти и на биопсијата немаат наод на спермтозоиди и за нив е резрвирана методата на донација на сперма. Во нашава држава законот тоа го дозволува и ние увезуваме сперма од светските банки на спрема.
Кај женскот фактор потребни се повеќе испитувања со оглед на сложеноста на функцијата на женскиот репродуктивен систем.
Гинеколошкиот преглед при првата посета дава огоромен број на корисни податоци за фертилниот потенцијал кај жената. Во почетното интревју со парот се расчистуваат одредените дилеми околу фрефренцијата, квалитетот на секусланите односи, регуларноста на менстриациониот циклус, одредената патологија во минатите години како спонтани абортуси, операции кај обата партнери, прележани болести како заушки, постоење на проширени вени кај машките генитални органи и друга потенцијална патологија. Со вагиналниот ултразвук , поготово со новите техники како тро и четири димензионалниот ултразвук можат да се детектираат одредени вродени аномалии на матката, но и стекнати патолошки сосотојби како туморите на матката односно миомите. Од аспект на имплатациониот потенијал на матаката од интерес се само оние миоми кои се со продор во внтаршноста на матката односно на местото каде треба ембрионот да се вгнезди, така наречените сумбмукозни и миоми и миомите кои се во месото на матаката а се поголеми од 4 цм односно интрамуралните миоми. Истите треба да се опреираат пред постапка за асиситирана репородукција. Останатите миоми се оперираат во зависнот од големината и нарушување на фукнцијата на околните органи а со тоа и намалување на квалитетот на животот на индивидуата. Покрај ова ултразвукот дава одличен поглед и врз патологијата на јајниците од аспект на евентуално постоење на цисти или тумори кои треба да бидат третирани во зависност од нивниот вид, а посебна состојба која има реперкусија врз фертилниот потецијал е ендомтриозата. Тоа е состојба каде ендомтриумот кој приородно треба да е во матаката има одредени негови делови надвор од шуплината на матката како во самитот тело на матката но и во тубите, јајници и самата абдоминална шуплина на жената. Оваа сосотојоба го нарушува квалитетот на животот на жената генерално , појавата на болни циклуси, пропартена со болни сексуални односи па се компромитирање на репордуктивнуиот потенцијал кај истата. Со завршувањето на базичниот преглед се продолжува со проширените испитувања. Се испитуваат нивоата на репордуктивните хормони во одредени точки од циклусот за да се види нивната базална вредност но и сихронитетот на нивиот раст и пад во одредени моменти во текот на очекуваната овулација но и подоцна, формирањето на жолтото тело. Важно е да се напомене дека вагиналниот ултразвук во комбинација со нивоата на овие хормони дава одличен поглед како во базалната резерва на јајниците кое од исклучителна важност кога подоцна ќе се започне со контролираната оваријална стимулација каде е неопходно да се добијат оптимален број на фоликули, но и во пратењето на растот на еднинечниот фоликул и детектирањето на овулацијата кај природните циклуси. Покрај испитувањето на хормоналниот статус се испитуваат и хормоните на тиоридната жлезда која има одредена улога во функционалниот баланс , така да одредени отстапувања од нормалата потребно е да се корегираат. Анатомскиот пат се ипситува со методата на хистералпингографија каде се прати проодноста на јајоводите. Одредените нови техники како 5Д-вагиналниот ултразвук се повеќе се наметнуваат како методи на избор во поглед на помалку инвазивни методи во ова испитување. Со овие испитувања генерално се поставува и работната дијагноза на стерилитетот и се продолжува со примена на техниките на асиситирана репродукција. Симплифицирано- ако се наиде на тешка олигоспермија или азооспермија кај мажот , односно комплетна обтурација на јајоводите кај жената се оди директно на методите на асистирана репородукција односно ин витро фертилизација. Останаттата патологија е резервирана за стимулација на овулацијата, артефицијалната инсеминација, методи кои треба да се применат пред финалната одлука за ин витро фертилизација.



