ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА КАМЕНОТ ВО БУБРЕГ
Каменот во бубрег (Nephrolitiaza), е мошне честа појава којашто може да се сретне кај секој човек, особено на возраст од 20-25 години. Каменот во бубрег се создава од згрутчување, односно соединување на солта и другите елементи на урината, во случај на помало количество на течност од она што му е потребно на организмот, односно кога имаме ситуација на дехидрација.
Некаде во моментов, 1 од 20 луѓе е склон кон формирање на камен во бубрезите. Според составот, се разликуваат неколку видови на камења во бубрег: калциум-оксалатен, калциум-фосфатен, уратен и др. Најчест од сите е калциум-оксалатниот камен во бубрег со 80% застапеност.
Главните симптоми коишто укажуваат на камен во бубрезите се болката, којашто е силна, неподнослива и којашто е поинтензивна кога камењата се движат или излегуваат низ каналите на уринарниот тракт, гадење, повраќање, треска, температура, крв во урината (хематурија) и др.

Лекувањето на каменот во бубрезите може да биде конзервативно- со повеќе течности, разни лекови, или пак, со хируршка интервенција. Консумирањето на вода во доволна количина е најдобриот начин за да се заштитиме од создавање на камења во бубрезите.
Камењата може да се исфрлат спонтано, кога се поситни (околу 4мм), но доколку се поголеми (околу 5-6мм) може да се комплицирани и за нив да треба хируршка интервенција.
Камењата од 9-2мм се кршат и се ситнат со утразвучни шок бранови (ESWL) и потоа без проблем се исфрлаат од уринарниот тракт.
МЕДИКА Истанбул Тетово се грижи за Вашето здравје. Закажете термин на 044 34 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk
Подготвил: Д-р Арбен Асани – Специјалист интернист, Медика Истанбул
E mail: arben.asani@medicaistanbul.mk



