Д­а го вакцинирам детето или не?

Колку се ефикасни вакцините?  Зошто здравствените работници по ова прашање (вакцинација на деца) имаат различни ставови? Предизвикуваат ли тешки болести, дали се тригер фактор за болестите? Дали со сета оваа фама со вакцините  се прават  теории на заговор? Овие, и ред други  прашања ги мачат сѐ поголем број родители, кои се соочуваат со многу информации на Интернет за штетноста од вакцините. Од завчера вакцинацијата или страшната МПР вакцина е топ тема. Метаболизам.мк направи разговор со Ангелчо Андоновски (Директор на детската болница Козле). Прочитајте го разговорот и одлучете дали ќе го вакцинирате вашето дете.

1.Вашите колеги од Македонија и светот водат вакцинална војна  за тоа дали вакцините за безбедни, дали е само профит на фармацевстките компании или навистина се работи за спречување на болести. Кој е вашиот став, како доктор и како родител?

         –   Светската медицина се раководи според медицина базирана на докази.Последните протоколи за секоја област се еден вид на свето писмо кое е закон и патека за правилното практикување на медицината воопшто.Моето лично мислење е дека во Мк има недостаток на меѓусебна комуникација ,недостаток на размена и дисперзија на информациите и континуирана едукација од страна на нашите надлежни,на  лекарски здруженија и изгубената доверба за лично подигање на личното медицинско знаење . Поминавме цела деценија во еден тотален мрак за медицината каде што нашето мислење,знаење и звања не беа земени апсолутно во предвид. Сето тоа резултираше  со тотална  деградација на нашата фела а од друга страна голем профит  за  лаиците кои што профитираа  врз грбот и свеста на граѓаните.  Во моментот навистина се работи заеднички со исти сили сплотено да дојде до спречување на овие појави        кои се појавија во сегашноста ,а беа минато.

ДА,за вакцинацијата и како лекар и како родител. Светската здравствена организација и останатите  вискорелевантни институции многу оддамна ја дадоа листата на анализираните вакцини со точно име и презиме на истите. МЗ и сите други  здр.институции во Мк заеднички ја прифатија оваа листа и ги набавија токму тие светски препорачани вакцини .

 

2.     Кои би биле во поголем ризик. Оние кои имаат вакцирани деца или оние кои нема да си ги вакцинираат?

           – Нема докази дека вакцините се штетни ,но има безброј докази  дека со сигурност  ќе се разболите ако не се вакцинирате. Оваа вистина е кажана се со цел дека свеста на граѓаните треба да биде на високо ниво за да сфатат дека невакцинираните имаат поголем ризик за разлика од вакцинираните баш поради несакните ефекти кои можат да се јават како резултат на невакцинираност  т.е компликациите се понекогаш фатални.

 3. Што всушност значи вакцината МПР?  Каква заштита прави? Што се случува во телото на детето кога ќе ја прими?

            –  МРП  Вакцината за морбили се користи уште од 1968 година, вакцината за заушките се користи од 1967, а вакцината за рубеола од 1979. Во денешно модерно време овие три се ставени во една вакцина што означува поголема сигурност, долготрајна заштита и многу мала нус појава. Никогаш ниедна МРП вакцина во себе не содржела ниеден облик на жива иако меицина базирана на докаки и сите досегашни студии немаат потврдено дека оваа вакцина предизвикува било каков проблем.

Кои се благи нус појави од вакцината ? Температура (еден од шест случаи), благ осип  (еден од 20 случаи )и најретко отекување на жлездите на лицето и вратот.

Средни нус појави поради појава на висока темепратура се појава на конвулзии една на три илјади дози и појава на тромбоцитопенија една на 3000 случаи.

Може да се напомене и појава на алергиска реакција која е незабележлива и се појавува еднаш на еден милион дози.

Колку е корисна МРП ? Многу. Како пример можеме да кажеме дека ако се вратиме наназад во историјата ќе видиме дека дури со самиот процес на вакцинирање со оваа вакцина се имаат искоренето тотално сите овие предизвикувачи, како пример ке ја напоменам Англија која тотално ја има искоренето оваа опасност па дури тек сега поради заборавот се јавуваат само спорадични случаи на појава и манифестација на било кој тип од овиие тешки заболувања.         

4. Што доколку не ја прими детето вакцината а заболи од морбили? Какви опасности следуваат?

                 – Доколку детето не е вакцинирано а заболи од морбили , последиците се доста тешки висок фебрицитет, осип по целото тело кој е масивен, поради високата температура може да се добијат и конвулзии, дехидрација на целиот организам , алергиска реакција проследена со пруритус, во подоцежните години стерилитет кај машките деца и низа  други реакции кои ги носи самото контаминирање на еден кревок организам. Кај вакцинираните деца сите овие реакции се благи и дури на некој начин невидливо минливи.

5.     На форумите актуелната вакцина се најавува како најопасна за децата, според нив таа наводно предизвикува аутизам, алергии, невролошки заболувања и друго. Колку е безбедна вакцината МПР?

–  Доколку се задлабочиме и вратиме наназад ќе видиме дека ние навистина доцниме со целава работа дури и кога станува збор за антивакцинациската кампања која се спроведува во целиот свет . Нашиот менталитет е премногу конспиративен и поради таа причина јас лично како лекар кажувам и апелирам до родителите да форумите ги користат не само за конспирација туку да шерувааат и корисни информации. Лекарите се тие кои се едуцирани и доколку лекар одговара по форумите тогаш можеме да се довериме на еден таков форум. Постојат илјадници студии кои докажуваат корисност од вакцинацискиот процес и дури поготово за оваа вакцина повторно имаше спроведено нови студии каде се докажа неповрзаноста помеѓу аутизмот и оваа вакцина а многу други европски држави ги прикажаа и цифрите од невакцинирањето.  Апелирам првично преглед на детето , консултација со педијатар и имунолог и само здраво дете да биде вакцинирано , ова важи за сите вакицини кои се аплицираат и се по вакциналниот календар.

 

6.     Некои родители ги носат своите деца во соседните земји на вакцинација. Имате ли информации со какви вакцини распологаат соседите, од кој производител, да направиме компарација?

–  Мракот во минатава деценија доведе да многу луѓе одат и купат вакцина надвор , по совет од одредени педијатри и да таа вакцина биде аплицирана на нашите деца. За тоа нашата фела е запознаена и знаеме кога се разви и фамата за прочистени и непрочистени вакцини , всушност такво нешто не постои. Министерството за здравство , комитетот за имунизација и останатите релевантни институции ги набавија најквалитетните вакцини кои се веќе поодамна на списокот на сите европски и светски држави и се во нивниот вакцинациски календар дури со име и презиме на самата вакцина и нејзиниот производител. Кај нас најголем проблем беше паралелниот увоз и несоодветна контрола од агенцијата за лекови па затоа и оваа анатема беше толку лоша.

7.  Од морбили има заболено бебенце, бидејки вакцинацијата е задолжителна а спорната МПР вакцина се прима на една година, некои родители ја ставаат и подоцна откога ке им прооди и прозбори детето, прашањето е што со оние деца/бебиња кои одат во градинка а немаат наполенто 12 месеци, дали треба овие дечиња да подлежат на вакцина?

–  Кога е во прашање веќе епидемија се донесе заклучок да возраста биде спуштена и на пониска возраст , бидејќи има неопходност да се спречи понатамошното ширење на епидемијата.

                                                                                                                                       Д-р.Ангелчо Андоновски

8. Можат ли родителите пред да ги вакцинираат децата да побараат да ја видат вакцината, да го проверат шишенцето со датум, да го проверат произведителот?

–  Секоја вакцина која ќе биде примена од страна на детето е со посебен баркод и тој истиот се става и во дневникот и во вакциналниот картон на детето. За да квалитетот на вакцината биде врвен следи и потврдува агенцијата за лекови која врши постојана контрола на истите и во истиот момент кога ќе бидат донесени во диспанзерите. Дури и се следи температурата со посебни чипови и дали процесот на ладен ланец е докрај испочитуван.

 

  9. Сега е период на вируси, и вашата болница е преполна со дечиња кои боледуваат претежно од респираторни заболувања и сл. Како да се вакцинираат дечињата кога во зима секое второ е мрсулаво?

                  – Вакцината се аплицира по извршен преглед од страна на педијатарот или вакциналниот лекар, се следат сите параметри , дури и се прави и крвна слика и црп. Лекарот е тој што ја одредува сотојбата и знае дека болно детенце воопшто не се вакцинира туку се одложува вакцината за извесен период , но се препорачува изолација и тераписки третман .

 

10.  Ако е прогласена епидемија, зошто тогаш и возрасните не подлегнуваат на вакцинација, дали негувателките и учителките од градинките треба да бидат вакцинирани?

–  Воспитувачките и сите кои ги чуваат нашите деца се возрасни и сите се вакцинирани или па веќе одамна ги прележале овие состојби. Децата нема да бидат примени во градинките и училиштата доколку не приложат доказ дека се вакцинирани.

 11. Која е вашата порака до родителите кои се колебаат дали да ги вакцинираат своите деца?

–     Светските препораки , нашите гајдлајнси не насочуваат правилно кога и што треба да се направи, кој треба да пристапи кон вакцинација кој не .

. Моите препораки ги изнесувам долг период и кажувам да сите здрави дечиња пристапат кон вакцинација без никаков страв. Периодот на мирување после вакцинирањето е нешто кое е дискутабилно и зависи од самите последователни симптоми поствакцинално.