Екипата на Метаболизам присуствуваше на најубавата забава која и се случила на македонската метропола. Чест ни беше што бевме дел од забавата по повод  25 години Диоптра.  Бренд кој е синоним на успешност и упорност.   Низ изминативе години успеа да наметне темпо на растечко движење подигнувајки ги стандардите за тоа како треба да изгледа една оптика. Сопственичката Марија Костуранова наметна еден нов стил на менаџмент со што ја менуваше  иднината на македонската офталмологија.

Од едена урбана и модерена розова  оптика  која се отвори во Срцето на Струмица храбрата Марија одлучи да Отвори и во Скопје спроти кафе Корзо храбро спротиставувајки им се  на неколку скопски компании но и на оние кои продава наводно оригинална роба на црно, истраа над сите притисоци воведе поинаков пристап кон клиенти и услуги за потоа да отвори нов салон во ГТЦ која во тоа време беше најлуксузно, модерно, уникатно…. тој тренд  на убаво и уникатно го продолжи низ неколку инвестиции во повеќе населби и градови и токму кога помисливме дека врвот го постигна со отварањето на најлуксузниот  и најмодерниот салон  во Македонија и регионот секако  со отворањето на Диоптра Котур во Мериот таа  не изненади со нова приказна и нова етапа во нејзината богата кариера а тоа е креирање на сопстевн бренд , лична колекција на високо квалитетни  диоптерски  очила –Dioptra EYEWEAR.

 

Dioptra Optics полека но, сигурно, се градеше во име надалеку познато по палетата на модели и светски брендови кои ги застапува, не изоставувајќи ја силната страна на оптиката – експертизата и задоволството при помош на своите клиенти. Денес, Dioptra Optics е име за кое повеќе не е потребно објаснување. Во својот ранг на производи нуди луксуз и елеганција, монденски стил, како и економични, неконвенционални и лежерни очила за сечиј избор. 

“Dioptra eyewear” e всушност прва лична колекција на Марија Костуранова која брои повеќе од 600 различни модели на очила, сите комплетно произведени во Италија.  Колекција со современ дизајн и врвен квалитет со прифатлива цена.  Главната инспирација на нашиот дизајнер е токму  25 godi[niot  јубилеј  кој го подготвуваше  со многу љубов.