Кралската Академиа на Лекари (The Rojal Academy of Physicians) во Велика Британиа објави дека 90% од сите болести, и дисконфорти на нашето тело се директно или индиректно поврзани со дебелото црево-во кое преовладуваат патогените микроорганизми. Академијата идентификува 36 различни отровни супстанци кои се создаваат во дебелото црево. Овие токсини за жал се абсорбираат од крвотокот. Што се случува? Телото веке не е во можност да ја метаболизира храната како треба за да овозможи создавање на витална енергија потребна за да живее нашето тело, и проблемите со нашето здравје започнуваат?!

Кои се првите знаци дека нашето дебело црево е полно со отрови и полека но сигурно станува база за многу болести. Знакот е нередовната дефекација или нередовно празнење на дебелото црево. Човек со здраво дебело црево треба да се празни 2-3 пати на ден, а не еднаш во два дена. Празнењето треба да биде лесно и без напор. Ако имаме застој во столицата треба веднаш да превземеме мерки со начин на исхрана, вид на храна и органски суплементи за да овозможиме чистење на дебелото црево. Ако столицата е нередовна со месеци па и години како последица следат болести на цревата како колон иритабиле (нервозно црево, синдром на пропустливи црева, колити, кронова болест, канцер на дебело црево. Но интоксицирано црево води и кон многу други здраствени проблеми како: Хроничен замор, подригнувања, гасови, дебелеење, несоница, хипертензија, инсомниа, главоболки, артрит, алергии, астма, ладни нозе, депресија, хипогликемија, хемороиди итн.
Паразитите, зголемениот број на патогени организми меѓу кои и зголеменото ниво на кандидата се главните жители на интоксицирано дебело црево, кои за жал не се задоволни со животот во нивното примарно живеалиште – дебелото црево, па преку крвта одат во освојување на нови простори во нашето сирото тело. Каде мигрираат?


Во желудник, во хранопроводник, бели дробови, црн дроб, мускулите, кожата, врзивните ткива, , па дури и во мозокот итн.
Кандида Албиканс-опасен мигрант во нашето тело кој напаѓа ненадејно каде што ќе најде добар терен. Таа е габа паразит-слична на квасец која живее во топлокрвните животни. Кога е во рамки на нормално постоење таа е во рамнотежа во внатрешните влажни делови на дигестивниот и вагиналниот тракт во телото. Кога ја има во нормални граници таа учествува во дефекација на дебелото црево и во други позитивни ангажмани во нашето црево. Но за жал таа многу често експанзивно се шири и мигрира низ целото наше тело и се доаѓа до состојаба на синдром на кандидијаза. Клинички е докажано дека хроничната кандидијаза е причина за појава на широк спектар на симптоми во различни системи во телото.
Кандидиасис (кандидијаза) е многу комплексна состојба во нашето тело која е предизвикана од акумулација на многу различни фактори.