Фармакорезистентните епилепсии претставуваат тешки форми на епилепсии кај кои и покрај најмалку два ординирани лекови, за одреден временски период не се контролираат нападите. Тој период трае од неколку месеци, па се до една година, период во кој болниот и покрај земањето на ординираната терапија, добива по некој напад.

Тоа особено ги фрустрира болните, но и докторите.

Причината за неуспхот лежи во самата природа на етиологијата на оваа форма.

Овој тип на епилепсии по ништо не се разликуваат од останатите форми на епилепсија, освен по својата тежина и суштина. Се јавуваат кај пациенти кои имале парцијални напади со секундарна генерализација и енцефалопатија, особено после прележани инфекции на мозокот. Изнесуваат околу 20% од сите пациенти коишто имаат епилепсија.

Фармакорезистентните епилепсии имаат силно влијание врз здравјето на болниот, преку чести повреди, фрактури, но понекогаш завршуваат и со фатален исход поради задушување или давење.

Половина од пациентите кои ја имаат оваа форма на епилепсија, доколку се утврди нивниот фокус, кој е обично само еден, се кандидати за неврохирургија.

Затоа, потребна е дополнителна детекција со помош на софистицирана  и современа апаратура и технологија (ПЕТ скен и МР) , а со таква располага приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово, но секако и поддршка од соодветни неврохируршки центри кои можат да го изведат тоа.

Доколку не е изводливо хируршко лекување, тогаш во обзир доаѓа промена на терапијата, како и електростимулативна процедура на нервус вагус (Nervus Vagus).

МЕДИКА Истанбул Тетово ви нуди најсовремена апаратура и дигитализирана технологија, којашто ќе ви овозможи најточна и најпрецизна дијагноза.

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk

 

Пишува: М-р Сци. Д-р Никола Стерјоски- Специјалист невропсихијатар од МЕДИКА Истанбул Тетово