Ја дочекавме новата 2018-та година, ви посакуваме беспрекорно здравје, многу насмевки, искрени пријателства и секако исполнување на вашите желби. Овие празнични денови се конзумираше секаква храна, традицијата во Македонија наложува на новогодишната трпеза да има месо. руска салата, кифлички, разни видови на слатки и сл. Доколку се чувствувате малку поправени, пренајадени, чувствувате подуеност во стомакот тогаш започнете веднаш со детоксификација на вашиот организам. Не заборавајте дека следуваат и Божиќните празнувања каде трпезата ќе биде богата со вкусна храна. Нутриционистот Цвета Динева не советува дека треба да пиеме многу вода, да се јаде многу овошје и зеленчук. Прочитајте на кој начин и како!!!

Цвета Динева: Пред се сакам да ви ја честитам Новата Година, а наскоро доагаат и Бадник Божик -најсрекните Христијански празници кои сакам да си ги прославите со радост во срцето и душата.

За да уживаме во празничните денови единствен услов е да сме во добро здравје.Затоа сакам да ви споделам неколку совети поврзани со начинот на исхрана за време на овие празнични денови.За новогодишните вечери можеби малку претеравте со мешање на  разни видови храна(кифлички, руска салата, скара,..повеке алкохол, ..цигари,..).Добро е да си го олесниме чувството на надуеност, киселините во желудник, опстипацијата,..со почитувањена следните совети:

Утрово  започнете го денот со чаша вода и цеден лимон. До пладне изедете неколку свежи овошја-јаболки, мандарини, портокали и слично.Пробајте за ручек да јадете посни манџички и свежи салати или лесна палента со салата.За вечера е добро да се напиете чај од кантарион со прстофат гумбир. Може да се јаде и печена тиква, пуканки без сол. За два до три дена ке се почувствувате убаво олеснето и сигурна сум дека и за Бадник и Божик ке бидете умерени во однос на количината и мешањето на храната.Тие што постеа знаат дека треба посебно да внимаваат кога ке почнат да конзумираат месо, јајца, млечни производи, ..Треба конечно да уживаме во убавата и здрава храна, а не во прејадувањето и претерувањето во пиење алкохол, цигари итн.

Влезете секој ден во својот ВОЗ- В(вода)О(овошје)З(зеленчук),и така ке го чувате своето физичко, ментално и емотивно здравје.

Ние сме тоа што јадеме-рекол мудрецот.