ПОСТОИ САМО ЕДНА БОЛЕСТ ЗАТРУЕНОСТ НА ОРГАНИЗМОТ!!! ИНТЕРВЈУ СО ЉУПЧЕ БУБЕ ТРАЈЧЕВ
Љупче вие сте човек од медиумите. Оддамна сте во радио бизнисот. Што ве привлече да бидете радио водител? И денеска сте во овој медиум но во позадина што би се рекло, сте дел од маркетинг тимот на најпознатото скопско радио Скај радио. Си сакале да ве навратиме кон вашите почетоци па до денес?
Моите почетоци како радио водител ако може да се каже се уште во далечната 1994, како љубител на музиката и се она што се случуваше на музичката сцена во светот, бев активен слушател на радиата, најпрвин ги следев нашите државни радиа кои беа единствени се до 1991, не пропуштав ниедна емисија на Драган Б. Костиќ, дури и ги снимав емисиите на касета и потоа ги слушав и ги запишував битните инормации, од него научив многу, купував и музички списанија од Белград, а од домашните списанието Екран беше едно од најдобрите музички инорматори кај нас. Во 1991 почнаа да “никнуваат” и првите приватни радиа во Скопје, активно ги слушав и учествував во сите контактни и наградни игри, радио етерот стана богат, за помалку од 3 години освоив 890 награди на радиоемисии, се до Октомври 1994, кога станав дел од тимот на тогашното радио Вокс. Мојата прва емисија беше награден квиз со музички прашања, во кој доделував преку 20 награди, слушаноста беше огромна. На почеток на 1995 направив топ листа на најслушаните 20 радиски хитови, креирани од слушателите преку гласање, по 2 месеци емитување се приклучивме во светската топ листа на Радио Експрес од Лос Анџелес, која беше креирана од преку 100 радио станици од светот, на секои 2 недели преку брза пошта добивавме најнова музика на дирекно од Радио Експрес, така станавме и дел од таа светска топ листа, подоцна направиив и уште една емисија со интересни содржини, и имав 3 емисии кои одеа во живо, беше напорно но интересно, активно работев се до моето заминување на остслужување на воениот рок во Септември 1995. Во Јуни по вракањето од воениот рок се вратив повторно во Радио Вокс, но радиото по неколку месеци се продаде но не проработе никогаш. Во 1997 со еден мојот пријател Александар направивиме ново радио Скај Еф Ем кое емитуваше само македонска забавна музика, се до 2000 година кога радиото беше затворено поради неможноста да добиеме концесија. Од 2000 станувам дел од тимот на првото приватно радио во Македонија, Канал 4 кое подоцна станува и спортско радио на 107,4 фм како водител и Маркетинг Менаџер на радиото, се до продажба на радиото во 2013. Од 2013 сум дел од реално најслушаното радио во етерот Скај радио 102,5 фм како маркетинг на радиото, додека водителската улога ја остивив во мирување пради моите чести патувања низ светот и истражувањата кои се моја најнова љубов. И на крај на ова прашање она што сакам да го додадам и на што посебно сум горд во мојата радиска водителска кариера е фактот дека имам поделено над 3000 награди на моите слушатели.
Во време кога стресот ни е секјдневие и кога се помалку имаме време за себе и своите потреби, за жал некое заболување ќе не предупреди дека треба нешто да промениме. Имате приказна слична на оваа, би сакале да ја споделите?
Мојата приказна за здравата исхрана започнува сосема случајно. Во периодот кога започнав со средното училиште станав фан на брзата храна, многу хамбургери, хот дог, пици, газирани пијалоци во огромни количини, кафиња, многу кондиторски производи чоколади и се друго што може да се нарече “џанк фуд”. Овошјето и зеленчукот речиси воопшто не беа дел од мојата исхрана. По 3 години со ваков начин на исхрана добив сериозно ошетување на црниот дроб, почнав да чуствувам слабост и бргу да се изморувам, после сите анализи видовме дека белирубинот ми е 5 пати повисок од нормалата. Не ми остануваше ништо освен да направам радикална промена во начинот на исхрана, да ја изфрлам тотално индустриската храна, и да почнам да се хранам со здрави продукти. Почнав со новиот начин на исхрана, на почетокот не одеше лесно, беше тоа огромна промена за мене но полека успевав да се пролагодам, најголем проблем ми беа пијалоците, од тој момент пиев само 2 пијалока, лиоманада од цеден лимон со мед, и козја сирутка. После неколку месеци почнав да се чуствувам многу подобро, почна се да ме интересира се околу искхраната, добив огромна желба да истражувам да читам се што е поврзано со храната, со здравјето, со начинот на функционирање на човечкото тело и медицината воопшто, беше тешко да се дојде до такви книги, воглавно читав во нашата универзитетска библиотека и нарачував книги од Белград, подоцна со појавувањето на интернетот се стана плесно, моето интересирање, истражувањата не престануваа и така е повеќе од 22 години.

Вие сте еден од оние кои почнаа сами да истражуваат како да си помогнат себе си. Се насочивте кон природата и се што е природно. Не и верувате на медицината? Посебно во нашето здравство?
Ако го земете фактот дека имаме се повеќе болни, многу низок процент на излечени насекаде низ таканаречениот современ свет тогаш сме многу далеку од поимот современа медицина, современо значи подобро, поефикасно, поефективно а самите гледаме дека не е така. Не дека воопшто не и верувам на медицината, има делови од медицината кои си ја вршат одлично функцијата, но пристапот кон болестите и нивното лекување во таканаречената современа медицина е сосема погрешен. Еве колку можам накратко. Прво морам да кажам дека човечкото тело е совршено и има многу механизми за да остане такво. Најголемата грешка во во таканаречената современа медицина е пристапот кон болестите, односно тоа што не ги лечи причините туку само ги маскира последиците со одредени препарати(хемикалии), и другата огромна грешка е што тврди дека вирусите и бактериите се причинители на болестите што воопшто не е така, тие се само последица на болното тело. Еве на пример доколку имате зголемен хеликобактер пилори, тој е таму само затоа што имате премногу токсини во желудникот и не е ваш непријател, тука напротив таму за да ги отстрани токсините и да ви помогне. Доколку имате ваква дијагноза тогаш таканаречената современа медицина ке ви даде тројна терапија да го убивате со месеци вашиот сојузник хеликобактерот, и откако ке го направите тоа вие сте направилеуште поголема штета на вашиот желудник, и освен тоа по неколку месеци пак ке се повтори истото, а и ќе мора да пиете постојано и додатни медикаменти за смирување на надразнетата слузокожа на желудникот, и тоа може да трае континуирано со години, а може да се реши со терапија со природни сокови и исхрана за 2-3 недели. Истото се случува и со ХПВ кај жените, се третира со силни антибиотици за да се уништи зголеменото ХПВ, а како последица подоцна се јавува Кандидата, ХПВ се лечи по природен пат за 2-3 недели. Во светот за овие 2 заболувања годишно се трошат милијарди а резултатите се катастрофални.
Една наша позната водитека Ирена Спировска на својот ФБ профил се пофали дека со само едно тегличе со лек за анемија кој вие сте го направиле успеала да ја промени крвната слика од 3 на 10. Според вашите сознанија, што се би можело да се превенира и лекува со здравата храна и со продуктите од природата?
Според моето досегшно искуство можам слободно да кажам дека скоро се може да се излекува со продуктите кои ни ги дала природата, но тоа многу зависи и од вољата и дисциплината на пациентот. Веќе неколку години правам природни рецепти за различни проблеми со здравјето, користам изклучиво необработени природни продукти во најголем дел органски како и билки, мед и етерични масла. Скоро сите проблеми се решаваат за неколку недели, додека за посериозните заболувања потребни се месеци. Недостатокот на железо во крвта како што беше случајот со Ирена обично се решава за 2 недели со секојдневно земање по едно лажиче на смеса од 12 природни состојки. За секој одреден проблем постои недостаток на одреден елемент кој е витален за нашиот организам, и кој соодветно треба да се внесе исклучиво преку природен продукт затоа што само како таков организмот најдобро го препознава и искористува, но најбитно е да се ослободи и организмот од отровите, да се алкализира и да се придвижи имуниот систем останатото организмот сам ке направи. Не постојат многу болести постои само една, затруеност на организмот со отрови, и еден лек отстранување на истите. Она што исто сакам да го кажам во денешницата многу отрови се внесуваат преку кожата која е нашиот најголем орган и одат дирекно во крвта, тука се средствата за хигиена, омекнувачите на алишта, пастите за заби, геловите за тело, шампоните, кремите, маслата за сончање, а најопасни се антипеспирантите посебно кај жените(еден од причинителите за рак на дојка). Веќе со години не користам ништо индустриско, се правам од природни состојки, пасти за заби, креми за тело, масла за сончање, антиперспиранти, пред неколку дена го направив и мојот нов шампон, се од природни состојки, обично велам што не се јаде не се нанесува ни на кожата

Би сакале ли да споделте/препорачате некој здрав рецепт?
Еве еден краток одличен рецепт за оваа сезона, пудинг од Јапонско Јаболко, а и добар прочистувач на организмот од загадувањето, а една порција чини околу 5 денари
- Едно поголемо убаво узреано јапонско јаболко или 2 помали, 3 до 5 листови спанаќ, се чисти јапонското од семиките се става во блендер заедно со листовите спанаќ се блендира 5-6 секунди, се додаваат неколку капки лимон по вкус и спремно е за јадење
Љубител сте на пешачњето, редовно искачувате планински врвови, пректикувате егзотични патувања, истражувате нови,здрави продукти од различни краишта.Сигурно долга е вашата приказна. Накусо,споделете со нас од се по нешто?
Може да се каже генерално љубител на природата и се што таа создала. Пешачењето, движењето е еден од клучните сегменти за нашето здравје, особено ако е во некој живописен предел или планина, така добиваме се во едно и визуелна убавина и физичка активност и чист воздух во нашето тело. Природата или бог кој како љуби создал многу убавини насекаде низ светот, накратко посебно впечаток ми оставија тропските овошја кои се највкусни во Виетнам и ги има преку 20, коренестите плодови од Куба, овошјето Дуријан од Тајланд, зачините од Занзибар, различните видови на банани во Танзанија, и мојот последен впечаток од пред една недела плодовите од кактус од Канарските острови заедно со најквалитетната Алое вера која навистина е чудо на природата.

Со вас има уште многу да се зборува за болестите и како до надминување на истите, како да се лекуваме со исхраната и сл. Затоа одсега и вас ве имаме во тимот на редовни соработници. Веруваме дека ќе имате свои редовни читатели на метаболизам.мк
Би им препорчал на сите што повеќе да се држат до природата, тоа значи повеќе природни производи, пешачење по нашите прекрасни планини, избегнување на процесирана храна која со месеци стои по рафтовите, внесување на што поголемо количество на овошје наутро и зеленчук преку целиот ден, особено препорачливо во сегашната ситуација со загадувањето, што повеќе зеленило, марула, спанаќ, рукола, а особено коријандер кој заедно со магдоносот е најдобар чистач на организмот.
За крај и поздрав и пофалби за целот тим на Метаболизам Мк, како и за поканата да бидам дел од оваа страна, се надевам дека моите искуства и совети ќе помогнат на читателите


