Малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот. Доколку постои сомнеж за одредено малигно заболување, или доколку треба претсизно да се следи степенот на метастази како и следење и примена на дадената терапија,  ПЕТ КТ го овозможува сето ова и многу повеќе . Наша препорака е да прочитате за што се би можело да послужи овој најдобар изум во светот.

Што е ПЕТ КТ и за што се користи?

ПЕТ КТ е техника на снимање која се состои од комбинација на: ПЕТ ( позитрон емисиона томографија ) која ги покажува функциите на органите и ткивата на метаболичко ниво , и КТ ( компјутеризирана томографија ) која дава детални анатомски информации.  Оваа техника е една од водечките техники во онкологијата и воопшто во медицината бидејќи само со неа може да се откријат и најмалите малигни клетки во организмот.

Кога се користи?

  • ПЕТ КТ за рана дијагноза

Доколку постои сомнеж за некое малигно заболување, а истото не може да се детектира ниту со КТ, ниту со магнетна резонанца, тогаш единствената техника која би покажала и најмали малигни клетки е ПЕТ КТ. Ова значи дека може да се користи и во рана дијагноза и утврдување на болеста, бидејќи детектира тумори и помали од 5 мм искористуваќи го зголемениот глукозен метаболизам.

  • ПЕТ КТ за следење на метастази

Нуди значајна можност за одредување на степенот на метастази , односно дали болеста се проширила и во околните ткива органи или лимфни јазли.

 

  • ПЕТ КТ во одредување и планирање на терапија како и за следење на болеста во онкологијата

Исто така, ПЕТ КТ може да се користи и во следење на одговорот на терапијата, како и за планирање на истата. На пример, во случај на лимфом (лимфните јазли кои растат), со лекувањето и терапијата  може  да се намалат, но постојат и случаи каде со помош на лекувањето тие остануваат исти. Кога станува збор за тоа дали сè уште има активна болест во овие лимфни јазли или болеста е целосно елиминирана, тогаш ПЕТ КТ е најважен метод за тоа дали болеста е сè уште активна или не.

Со сите овие карактеристики, ПЕТ КТ игра важна улога во воспоставување на рана и навремена дијагноза, како и во следење и лекување на малигните заболувања.

ПЕТ КТ се изведува со помош на радиофармацевтик, а најчест радиоизотоп којшто се користи е ФДГ-18ф.Принципот на акумулација на овој изотоп е тоа што тој се врзува за гликозата, односно ја ползува гликозата за енергетски потреби.

Во туморските клетки гликозата е поинтензивна заради поголемите енергетски потреби и на тој начин во туморските ткива ќе имаме поголема акумулација на ФДГ.

Задршката, односно акумулацијата на изотопот прави туморското ткиво да се одвои, т.е. обои и на сликата да се прикаже како потопла односно поинтензивна зона/ боја.

Радиофармацевтикот се аплицира интравенски и истиот за најдобра акумулација во организмот, треба да биде во времетраење од 45 мин, односно не повеќе од 2 часа, бидејќи неговиот полуживот, т.е. време на полураспад е 110 мин.

Контраиндикации за ПЕТ КТ се:

-бременост / доење

-Користење на алкохол или седативи во последните 24 часа.

– Висок инсулин или шеќер во крвта како и користење на лекови кои го менуваат метаболизмот.

– алергиски реакции

              Закажете термин на 044 344 414 или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk