Утре е Светски ден на астмата. Во изминатите години овој ден се одбележуваше со низа настани низ светот, како и различни  кампањи за навремено откривање и следење на астмата, од типот на „ Можете да ја контролирате астмата„  “Време е да ја ставите астмата под контрола„  и слично. Ова хронично заболување на белите дробови зема голем замав и тоа не само во нашата земја туку во многу земји ширум светот.  Повеќе од 100.000 жители од Македонија боледуваат од астма. Според прогнозата на СЗО до 2025 година се калкулира  дека над 400 милиони во светот ќе боледуваат од оваа хронична болест. Затоа на оваа тема сериозно треба да и пристапиме. Екипата на Метаболизам.мк го контактираше Д-р Арбен Асани, спец. Интернист од Медика Истанбул Тетово кој накусо не потсети за астмата!

Бронхијалната астма  е хронично заболување коешто ги опфаќа дишните патишта во белите дробови. Овие дишни патишта, овозможуваат нормално вдишување и издишување на воздухот од белите дробови, но при астма, дишните патишта се постојано воспалени. Отекуваат и на тој начин белите дробови се стегаат и предизвикуваат бронхоконструкција. Ова создава потешкотии  при нормалниот проток на воздух, предизвикувајќи симптоми како што се: кашлање, карактеристичен звук, пократко вдишување и издишување и стегање на градите.

Кај многу болни од астма, периодот на појава на симптомите е тесно поврзан со некоја одредена физичка активност.

                                                                                                      Д-р Арбен Асани, спец. Интернист

 

Лицата со фамилијарна историја на алергии или астма, се  поподложни за појава на астма. Луѓето со астма, често имаат и некоја алергија. Ова се нарекува алергична астма.

Професионална астма- предизивикана е од подолготрајна изложеност на чад, гасови, прав и други супстанци кои се штетни при извршувањето на некоја работа.

Детска астма- застапена е кај голем број на деца и семејства. Кај олем број од децата со астма, болеста се развила пред и околу петтата година.

Лекување

Нема конкретен лек за астмата, но доколку навремено се открие и се даде соодветна терапија, состојбата на пациентот, како и квалитетот на животот значително се подобруваат.

Алерголог/имунолог е најсоодветниот лекар за дијагностицирање и третирање на астмата.

 

Пишува: Д-р Арбен Асани, спец. Интернист од МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: arben.asani@medicaistanbul.mk